Марк Закерберг прогнозира дека за 10 години ќе разговараме во виртуелна реалност

Напредокот во виртуелната реалност во целост ќе го промени начинот на кој разговараме онлајн. Видео и текст разговорите во иднина би можеле да бидат заменети со разговори во виртуелната реалност; а наместо сегашните текст соби, разговорите би можеле да ги правиме во нашите, или собите на соговорниците. Ова е една од прогнозите на Марк Закерберг кои ги сподели во интервју за Information.

„Секако автомобилите и авиони ќе продолжат да постојат. Но колку повеќе може да се телепортираме наоколу, не само што можеме самите да ги елиминираме патувањата и секојдневното одење до работа и назад, што е и трошење на нашето време, ќе биде подобро и за општеството и за планетата“, вели г. Закерберг.

Она што е интересно е што основачот на најголемата друштвена мрежа зборуваше и за она што тој самиот сака да го види во иднина. Една од функционалностите за кој зборуваше е можноста за следење на погледот и следење на ликот на соговорниците. Ова ќе направи разговорите да делуваат поприродни, па луѓето ќе сакаат повеќе да разговараат со вакви анимирани аватари.

За следење на повеќе точки на лицето се потребни повеќе сензори. Ова ќе го подобри искуството на корисниците, но за жал ќе ја покачи и цената на уредот. За среќа пониска цена на виртуелната реалност е дел од плановите на тимот на Facebook.

„Мислам дека сме наклонети да се обидеме да ги понудиме овие производи за што е можна пониска цена, за да овозможиме да стигнат до сите. За разлика од некои компании кои наплаќаат премиум цени како свој бизнис модел, еден од нашите основни принципи е да им служиме на сите. Фокусиран сум не само на креирање на добар VR и AR уред, туку и како да го направиме да чини 300, наместо 1000 долари“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии