Марк Закерберг не знае што се „shadow“-профили од корисници

Марк Закербрег пред Сенатот на САД одговори дека не знае дека друштвената мрежа има „shadow“-профили од корисниците. Сепак постоењето на овие податоци е јавно неколку години.

Во 2013 година при пробивање на зашитата на мрежата беа споделени податоци на корисници кои немаат профили на Facebook. Најголем дел на овие податоци беа споделувани преку „friends of friends“ мрежите на Facebook.

Што се „shadow“ податоци?

Под овој термин се подразбираат сите податоци кои Facebook ги има за корисникот за кои тој не дал дозвола за собирање. Компанијата има куп начини да дојде до овие податоци. На пример, податоците за телефонскиот контакт од некој ваш познаник или пријател кој нема профил на друштвените мрежи можеби се од вашиот именик. Истото важи и за имејл адресата.

Ова е интересен проблем. Кога ги споделуваме податовите од нашите именици даваме дозвола и за споделување на телефоните на нашите контакти. Сепак можеби тие самите не ја даваат овааа дозвола.

Дополнително не толку одамна друштвената мрежа и самата користеше повеќе специфични методи. Пример собирање на податоци преку вгнездените копчиња за споделувања и допаѓање. Секако тука се и податоцие од Pixel

Конечно, Facebook купува податоци од компании кои ги продаваат овие податоци.

Генерално „shadow“ се податоците кои немаат место на официјалниот профил.

Што ќе му се Facebook овие податоци?

Компанијта тврди дека овие податоци им се потреби за да се заштитат. На пример, за заштита од „scrapping“.

Дополнително, компанијата користи дел од овие податоци и за да понуди поквалитетeн сервис. На пример, за да ви прикаже „можеби ги знаете листа“. Сепак не сите луѓе на овие листи имаат профили на Facebook.

Дали „shadow“ профилите се проблем за Facebook?

Главната одбрана на Марк Закербер при сведочењето пред Сенатот беше дека секој си ја има својата приватност во свои раце. Дека не е така дознавме на вториот дел од сведочењето.

Ако корисникот може да дојде на друштвената мрежа и да види што собира истата за него. Некој кој не е корисник нема начин како да го направи ова.

„Велите дека секој има контрола на своите податоци, но собирате податоци од луѓе кои дури и не се корисници на Facebook и не потпишале согласност, ниту услови за приватност“, обвини Бен Лујан претставник на Њу Мексико.

Оваа пракса наскоро ќе биде поголем проблем. Причината за ова е стапување на сила на GDPR во Европа. Законот подразбира пренос на податоцие на сите жители на Европа, не само на оние кои имаат профили, објасни Verge.