Марк Закерберг: Идејата дека лажните вести на Facebook влијаеле на изборите е луда

Тие што мислат дека лажните вести на Facebook се причината зошто некој гласал за Трамп покажуваат значителен недостиг на емпатија и не успеваат да ја разберат пораката на новоизбраниот претседател, вели основачот на друштвената мрежа Facebook, Марк Закерберг на сцената на конференцијата Techonomy.

Тој ја негира приказната дека лажните вести за изборите и претседателските кандидати на Facebook, за кои Buzzfeed ги обвини македонските е-печалбари, влијаеле на изборите и додава дека таа идеја е доста луда.

Тој, заштитнички ја отфрли и теоријата дека news feed-от на корисниците станува доста персонализиран и со тоа ги затвара корисниците на нови идеи и мислења надвор од она што тие одбрале да следат или нивните пријатели, кои повторно самите корисниците ги бираат и филтрираат.

„Го истражувавме ова многу. Мене ми е навистина грижа за овој проблем“, објаснува г. Закерберг, објаснувајќи дека дури и 90% од пријателите на еден корисник да се демократи, најверојатно останатите 10% се републиканци, ако живеете во една држава, имате пријатели и во друга. „Тоа значи дека информациите што ќе ги добивате преку платформата е многу поразлична и побогата отколку информациите што ќе ги добивате преку телевизиските станици.“

Ваквото рационализирање од првиот човек на Facebook доаѓа откако Buzzfeed и другите медиуми директно го обвинија Facebook за ширење дезинформации и ја посочија и Македонија како делумен виновник, но и откако победата на Доналд Трамп за претседател на САД остави многумина во шок, кои пак сега се обидуваат да објаснат што се случи, и во некои случаи и директно бараат виновник за да посочат со прст.

Марк Закерберг не ја адресираше директно Македонија или македонските е-печалбари, но во контекст на таа тема посочи дека работат на подобрување на алгоритмот и спречување на ширење на дезинформации преку платформата.

По интересот за текстот кој го објавивме вчера, сакаме да потенцираме и дека пред да ги обвините овие корисници кои ние ги нарекуваме е-печалбари за срамотење на Македонија и да ги напаѓате за нивните обиди за печалка, треба да ја погледнете и локалната медиумска сцена од друг агол и ќе забележите дека тие само го реплицираат она што го гледаат на локално ниво од многу медиуми кои дневно ги бомбардираат и им ставаат clickbait линкови и спонзорираат секакви текстови на Facebook, без разлика на колку тоа е етички или не… Го земаат истиот метод и го применуваат на глобално ниво, а разликата е во тоа што на глобално ниво функционирa AdSense и пазарот е многу поголем.

3 коментари на “Марк Закерберг: Идејата дека лажните вести на Facebook влијаеле на изборите е луда

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии