Марк Закерберг го следи Facebook манијак, побара судска заштита

Facebook како друштвена и пред се лична мрежа е на работ каде, што и колкава е границата од нарушување приватност. Лесната можноста да гледате нечии слики, на неговите пријатели, интереси, деца, да му праќате пораки, локација, роденден, од неодамна и домашни адреси… сево ова ја отвора дискусијата за колку Facebook всушност не прави мета за најразлични опасности и чудни умови.

За некои Facebook е одлично место за споделување лични информации со пријателите, за други Facebook е страв и трепет, пример според македонската Дирекција за заштита на лични податоци скоро секој ден има поплаки за нарушување на приватност, лажно претставување, а од Денот за интернет безбедност, кој пак иронично се одбележа истиот ден кога и Закерберг побара заштита, се потенцираше дека сајбер малтретирањето е едно од најголемите опасности на интернет.

Facebook неодамна сакаше да дозволи на надворешните апликациите да имаат пристап до телефонскиот број на корисникот и домашната адреса. Таа одлука ја повлекоа, и најавија ќе биде добро испланирана. Но… се сомневам дека после ова искуство Закерберг ќе дозволи споделување домашна адреса со непознати лица, од кои еден може да биде и незгоден манијак.

Според судската одлука на Мануконда не смее да се доближи до Зукерберг, неговата сестра и девојка до 270 метри.

2 коментари на “Марк Закерберг го следи Facebook манијак, побара судска заштита

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии