Maрк Закерберг го доби својот прв патент поднесен пред шест години

Американското Патент биро му го додели првиот патент на Марк Закерберг за кој аплицирал уште пред шест години. Иако во последниве години компанијата има обезбедено повеќе патенти, сепак овој има симболично значење. Станува збор за патентот означен како US patent 8.225.376 кој се однесува на приватност.

Патентот се однесува на динамичка приватност, односно прикажување на профилите на корисниците на друштвената мрежа, во зависност од одбраните нагодувања за приватност. Освен ова, патентот објаснува како поинаку да се разгледува профилот кога на истиот му приоѓаат различни корисници кои припаѓаат во различна група за приватност.

Патентот е одбиен на првото разгледување, но по инсистрањето на Facebook и повторното аплицирање за патентот, американското Патент биро го одобри патентот.

Овој патент може да му донесе лично задоволство на г. Закерберг, но нема да му значи многу на Facebook кој работи на зголемување на своето портфолио со патенти кои ги поседуваат за во иднина да избегнат тужби од други компании. Иако ако судиме по спорот со Yahoo, Facebook е многу попријателски настроен од останатите компании.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии