Марк Гудман на TED: Криминалците во иднина ќе користат беспилотни летала и 3Д принтери

Марк Гудман е безбедносен аналитичар за иднината на криминалот и опасностите од тероризмот, и основач на Future Crimes, вели дека иднината навистина го плаши. Покрај можноста за техно-утопија за која новите технологии ќе понудат можност, присутна е и опасноста од злоупотреба на технологијата, опасност која мора да се избегне по секоја цена, објаснува г. Гудман во својот TED говор.

Терористичкиот напад во Мумбаи е дело на досега најорганизирана терористичка група, групата имаше сопствен Центар за операции со кој ги набљудуваа сите телевизиски канали, и активно пребаруваа по Интернет. Се поголемата достапност на беспилотните квадрикоптери како AR Drone можат да се користат како играчка, но и како оружје за напад; 3Д-принтерите се одлични за секоја употреба, па дури и за креирање оружје, што ќе овозможи заобиколување на процедурите за вадење на дозвола за поседување на огнено оружје; Интернет на нештата овозможува медицински помагала како песмејкери да се поврзат на Интернет и да бидат мониторирани оддалеку, но и нивна злоупотреба од злонамерни хакери; Брзиот напредок на технологијата за секвенционирање на геномот ќе овозможи следната генерација на хакери да се закани со модификација на вируси и закани од пандемии… Сепак и покрај страшните предвидувања, најстрашниот дел од оваа иднина сè уште не е стигнат и доколку сакаме техно-утопија наместо свет на страв, било од владини агенции или терористичка закана, најдобро е да почнеме со подготовките, вели г. Гудман.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии