Мапирање на ИТ индустријата во .мк 2019

Просечни месечни нето примања* во денари

* плата + други хонорари од работа

Преземи податоци

Мапирање на Програмери / Девелопери / SYSAdmins

Првата секција ги опфаќа сумираните и обработени резултати од анкетата посветена на програмирање и ИТ администрација. Анкетата е спроведена во период од 6-ти февруари до 6-ти март, 2019 и учество земаа вкупно 1.135 ИТ професионалци, од кои 856 во дејностите девелопмент и програмирање.

Пол, возраст и образование

Анкетата покажа голема полова разлика во оваа дејност - 80.96% машки наспроти само 19.04% претставници од женскиот пол. Во поглед на возраста, ~60% се на возраст од 25-34, додека степенот на образование најчесто е завршени дипломски студии. Интересен податок е тоа што бројот на професионалци со завршено само средно образование (9.46%) е приближно ист со бројот на професионалци со завршени постдипломски студии (10.75%). На тема едукација, 42.14% од девелоперите поседуваат некаков вид на сертификат, а 32.04% активно разгледуваат опции за сертифицирање.

856 валидни одговори, изразено во %
856 валидни одговори, изразено во %
855 валидни одговори, изразено во %
856 валидни одговори, изразено во %

Примања по работна позиција

Најголем дел од анкетираните се декларираат како full-stack девелопери (38.82%), следено од back-end девелопери/програмери (18.47%).

Најголеми примања според работна позиција имаат Data Scientist со просек месечни примања од 85.422 ден., а блиску по нив следуваат Девелоперите на мобилни апликации со просек 83.326 ден. и DevOps специјалисти со 81.036.

856 валидни одговори, изразено во %
776 валидни одговори, изразено во ден.

Искуство и примања според искуство

64% од програмерите се класифицираат на позиција Middle и Senior според искуство (32.71% Middle, 31.31% Senior), додека како Junior 22.31%, а на најискусната позиција како Lead само 8.18%. Примањата според позицијата имаат очекуван раст согласно искуството, па така практикантите во просек земаат 9.093 ден, Junior 29.552 ден., Middle 52.977 ден., оние на позиција Senior 90.013 ден., а Lead 120.651 ден.

856 валидни одговори, изразено во %
775 валидни одговори, изразено во денари

Што се користи како примарна технологија?

JavaScript е најчесто користна технологија кај ИТ професионалците во земјава, со Java и C# на втора и трета позиција. Во првата петорка влегуваат и HTML+CSS и .NET.

856 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки

Примања според технологија

Во поглед на просечни примања според технологија, Java девелоперите имаат најголеми просечни нето месечни примања од 70.919 ден., додека C# за само 9 денари помалку е на второ место со просек од 70.910 ден., а потоа следуваат .NET со 69.242 ден., SQL со 67.978 ден., PHP со просек од 67.249 ден., JavaScript со 66.837 ден. и TypeScript со 65.958 ден.. Девелоперите кои примарно куцаат HTML+CSS заработуваат во просек 61.436 ден. месечно, а девелоперите со познавање на Bash/Shell 59.612 ден.

776 валидни одговори, изразено во денари

Примања според технологија и искуство

Подолу може да разгледате какви се просечните примања согласно на примарна технологија и искуство (junior, middle, senior, lead) за едни од најкористените технологии кај македонските девелопери.

776 валидни одговори, изразено во денари
776 валидни одговори, изразено во денари
776 валидни одговори, изразено во денари
776 валидни одговори, изразено во денари
776 валидни одговори, изразено во денари
776 валидни одговори, изразено во денари
776 валидни одговори, изразено во денари
776 валидни одговори, изразено во денари
776 валидни одговори, изразено во денари

Koja DB и OS се најкористени?

Кај базите на податоци, MySQL со 32,33%, додека SQL Server со 30,24% и PostgreSQL со 11,60% се најкористените датабази за проекти кај македонските програмери и девелопери.

Windows е примарниот оперативен систем кај 65.2% од девелоперите, а Mac кај 15.5% и Linux кај скоро исто толку корисници - 15.8%. Dual-boot опција користат само 2.8% од девелоперите.

833 валидни одговори, изразено во %
856 валидни одговори, изразено во %

Frameworks

На прашањето кои Frameworks примарно се користат во работата, девелоперите одговорија со огромен број на различни алатки (види Друго) што го отежни нивното групирање. Сепак, доколку се фокусираме на вкупниот број на одговори на единечни ставки, ќе се забележи дека .NETcore со 14.07%, Angular со 12.1%, Spring 11.98%, BootStrap со 8.27% и ASP со 8.15% се најкористените.

856 валидни одговори, изразено во %

Каде работат македонските девелопери?

Колку што има девелопери во домашни ИТ компании (39.10%), скоро толку има и девелопери кои работат во претставништво на странска компанија во Македонија - (38.78%). Remote за странска компанија работат 9.96%, фриленс 8.81% а најмал е бројот на девелопери кои работат remote за домашна компанија, само 3.35%. Во поглед на структура на компаниите, 44.75% работат во компании од 11-100 вработени, 29.79% во тимови помали од 10 вработени и 18.46% во компании со 101-500 вработени.

849 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во %
856 валидни одговори, изразено во %

Примања според искуство и тип на работодавач

Очекувано, постојат разлики во примањата според тоа кај каков тип на работодавач работат ИТ професионалците. Следниот график ги прикажува платите според искуство и според типот на работодавач.

776 валидни одговори, изразено во ден.

Која технологија би сакале да ја научите?

Најголем дел од девелоперите во земјава сакаат да го унапредат своето познавање на Python, тренд што кореспондира со светските трендови (извор: StackOverflow Survey 2019), а како други најпосакувани јазици за учење се и JavaScript, TypeScript, Go, Java, PHP...

856 валидни одговори, дозволени повеќе одговори, изразено во апсолутни бројки

Одлуки и пречки во ИТ кариера

При регрутација, кај девелоперите највеќе им пречи тоа што не се споделуваат доволно информации за работната позиција како и долгиот и бавен процес на регрутирање. Како број еден фактор при вработување не се платата и бонусите, туку можноста за учење и развој. На работното место највеќе им пречи лошата интерна организација а незадоволството примарно го изразуваат во директен разговор со претпоставениот. Најголем број на девелопери бараат работа информирајќи се на социјалните медиуми.

856 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
856 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
856 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
856 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
855 валидни одговори, изразено во %

Примарен извор на знаење

Самоиницијативното учење и бесплатните туторијали (36.21%), како и високото формално образование (32.01%) се примарен извор на знаење на македонските девелопери.

856 валидни одговори, изразено во %

Мапирање на дизајнери

Следната секција ги опфаќа сумираните и обработени резултати од анкетата посветена на дизајнери спроведена во период од 6-ти февруари до 6-ти март, 2019 во која учество земаа 157 ИТ професионалци од оваа област.

Пол, возраст и образование

Слично како и кај девелоперите, и во оваа ИТ гранка доминира машкиот пол, иако не со толкава изразеност - 72.61% машки наспроти само 27.39% претставници од женскиот пол. Во поглед на возраста, 56.69% се на возраст од 25-34, додека степенот на образование најчесто е завршени дипломски студии. Не е мал и бројот на дизајнерите кои завршиле постдипломски студии (12.1%). Сертификатите се популарни - мнозинството (52.56%) од дизајнерите поседуваат некаков вид на сертификат, а 24.36% активно разгледуваат опции за сертифицирање.

157 валидни одговори, изразено во %
157 валидни одговори, изразено во %
157 валидни одговори, изразено во %
157 валидни одговори, изразено во %

Примања по работна позиција

Графички дизајнери претставуваат 55.41% од испитаниците, а по нив следуваат UX дизајнери со 12.1% и интересно, дури после нив веб дизајнери со 9.55%. Најголеми примања пак имаат Motion Graphics дизајнерите, просечно 86.400 ден., а по нив следуваат UX дизајнери со 76.969 ден..

157 валидни одговори, изразено во %
143 валидни одговори, изразено во денари

Искуство и примања според искуство

Најголем број од испитаниците одговориле дека се со Senior искуство - 43.31%, додека Middle искуство имаат 29.94%. Понатаму следуваат Junior (11.46%) и Lead (10.83%). Интересно е дека помеѓу просечните месечни примања на Јunior и Middle-ниво дизајнерите речиси и да нема голема разлика - 30.289 ден. наспроти 31.633 ден. Повисоки месечни примања имаат Senior дизајнерите - 50.706 ден., a највисоки Lead дизајнерите - 70.668 ден.

143 валидни одговори, изразено во денари
143 валидни одговори, изразено во денари

Што се користи како примарна алатка за работа?

Програмите на Adobe се најкористените кај македонските дизајнери, со Illustrator како предводник. Photoshop, InDesign, Adobe XD и Sketch се исто така меѓу најкористените 5 алатки.

157 валидни одговори, изразено во %

Примања според примарна алатка

Дизајнерите кои работат со векторскиот програм за Mac - Sketch, се најплатените дизајнери во индустријата, со просечни нето месечни примања од 127.666 ден. На второ место се оние кои примарно користат Adobe XD, наменет за UX/UI, со просек од 69.428 ден. Дизајнерите во After Effects имаат 56.000 ден. просечни примања, потоа Photoshop со 42.112 ден., оние кои работат со Figma 39.800 ден., додека дизајнерите кои ја користат најкористената алатка Illustrator имаат просечни примања од 34.580 ден.

143 валидни одговори, изразено во денари

Прв чекор при дизајн и избор на OS

Лист и хартија убедливо е првиот чекор за отпочнување на дизајн процес кај најголем дел од дизајнерите (45.75%, а потоа следуваат Illustrator кај 20.26%, и Photoshop кај 12.42%.

Во поглед на оперативен систем, Windows користат 79.62% од дизајнерите, а Mac само 17.2%. Linux и Dual-boot скоро и да не се застапени кај дизајнерите.

157 валидни одговори, изразено во %
157 валидни одговори, изразено во %

Каде работат македонските дизајнери?

Најголем број дизајнери, 43.92%, работат во домашни компании, додека 31.22% работат фриленс. Дизајнерите преферираат помали тимови, па така 65.61% од нив работат во средини со помалку од 10 луѓе.

157 валидни одговори, изразено во %
157 валидни одговори, изразено во %

Примања според искуство и тип на работодавач

Очекувано, постојат разлики во примањата според тоа кај каков тип на работодавач работат ИТ професионалците. Следниот график ги прикажува платите според искуство и според типот на работодавач.

143 валидни одговори, изразено во денари

Одлуки и пречки во ИТ кариера

Кај македонските дизајнери, при регрутација најголем проблем им причинуваа нетранспарентноста во процесот на одредување на плата, а како значајни фактори за вработување им се примањата и можноста за учење и развој, како и добриот баланс помеѓу работа и приватниот живот. На работното место највеќе им пречи лоша интерна организација, а задоволството го изразуваат преку дискусија со претпоставениот. Работа бараат највеќе на социјални медиуми (30.57%).

157 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
157 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
157 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
156 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
157 валидни одговори, изразено во %

Примарен извор на знаење

Како и кај девелоперите, и кај најголемиот број дизајнери (50.96%) примарен извор на знаење е самоиницијативното учење и бесплатните туторијали, додека секундарни им се обуките во локалните специјализирани центри.

157 валидни одговори, изразено во %

Мапирање на дигитален маркетинг

Последната секција од оваа анкета ги опфаќа сумираните и обработени резултати од анкетата посветена на професионалци во дигиталниот маркетинг спроведена во период од 6-ти февруари до 6-ти март, 2019 во која учество земаа 117 ИТ професионалци од оваа област.

Пол, возраст и образование

Споредбено со анкетата кај девелоперите и дизајнерите, во оваа дејност од ИТ индустрија преовладува женскиот пол со 55.56%, додека мнозинството (64.96) се на возраст од 25-34 години. Најголем дел имаат завршено дипломски студии, а интересен е податокот дека 30.77% имаат завршено постдипломски студии. Дека маркетерите посветуваат најголемо внимание на дополнителна едукација говори и фактот дека дури 68.97% поседуваат сертификати.

117 валидни одговори, изразено во %
117 валидни одговори, изразено во %
117 валидни одговори, изразено во %
117 валидни одговори, изразено во %

Примања по работна позиција

Најголем дел од анкетираните се декларираат како менаџери за дигитален маркетинг (31.62%). Потоа следуваат social media менаџерите, SEO специјалистите, е-маркетинг специјалистите и content writers со околу 10% од одговорите.

Најголеми примања според работна позиција имаат Growth хакери со просечни месечни примања од 119.333 ден. Најмали примања имаат дигиталните маркетери кои работат со генерација на лидови (21.500 ден.) и менаџерите на друштвени медиуми (22.641 ден.)

117 валидни одговори, изразено во %
112 валидни одговори, изразено во денари

Искуство и примања според искуство

Искуствено, најголем дел од луѓето во дигиталниот маркетинг се декларираат како Senior - 37.84%, додека 30.63% на позиција Middle. Според позицијата, просечните примања кај Junior се 25.222 ден., кај Middle 39.402 ден., Senior имаат просечни нето месечни примања од 56.691, а испитаниците на позиција Lead земаат скоро иста плата како тие на позиција Senior, што укажува на фактот дека во дигиталниот маркетинг скоро и да нема разлика кај примања за позииците Senior и Lead.

117 валидни одговори, изразено во %
112 валидни одговори, изразено во денари

Најчесто користен OS?

Очекувано, Windows е примарниот оперативен систем и кај професионалците кои се занимаваат со дигитален маркетинг, со убедливи 85.34%, додека Mac користат само 10.34% и Linux 3.45%

117 валидни одговори, изразено во %

Каде работат македонските дигитални маркетери?

Повеќето маркетери работат во домашни компании, 44.96%, во претставништво на странска компанија работат 27.91%, а фриленс 13.95%. Во поглед на структура на тимови, генерално маркетерите работат во тимови и компании од 1 до 100 луѓе, вкупно 90.58%.

117 валидни одговори, дозволни повеќе одговори, изразено во %
117 валидни одговори, изразено во %

Примања според искуство и тип на работодавач

Очекувано, постојат разлики во примањата според тоа кај каков тип на работодавач работат ИТ професионалците. Следниот график ги прикажува платите според искуство и според типот на работодавач.

112 валидни одговори, изразено во денари

Одлуки и пречки при ИТ кариера

Најголемо незадоволство кај маркетерите во процес на регрутација е нетранспарентноста во процесот на одредување на плата и недоволно споделување информации за работната позиција, а како фактори при вработување примањата како и можноста за учење и развој им се најважни. Најголема пречка на работното место им е лошата интерна организација и несоодветен менаџмент за проектите, а незадоволството претежно го изразуваат преку дијалог со претпоставените. Маркетерите работа бараат на социјалните медиуми (33.33%), и на македонските портали за огласи.

117 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
117 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
117 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
117 валидни одговори, дозволен избор на повеќе опции, изразено во апсолутни бројки
117 валидни одговори, изразено во %

Примарен извор на знаење

Самоиницијативното учење, како и бесплатните туторијали (39.31%) се примарен извор на знаењето кај маркетерите, исто како и во другите области. На втора позиција како извор на знаење се наоѓаат обуките во локалните специјализирани центри (17.09%).

117 валидни одговори, изразено во %

Методологија

Ова истражување е базирано на 4 анкети во кои учество земаа вкупно 1.135 испитаници - ИТ професионалци од земјата. Сите одговори се анонимни. За потребите на анкетата 1.130 одговор беа квалификувани како валидни.

Анкетите иницијално беа поделени по области:

  1. Програмирање/Девелопмент/SYSAdmins*, одговори = 812 (финално со прегрупирање: 856)
  2. Дизајн, одговори = 153 (финално со прегрупирање: 157)
  3. Дигитален маркетинг, одговори = 108 (финално со прегрупирање: 117)
  4. Други ИТ индустрии, одговори = 62

*По првата недела од истражување, беше додадено појаснување дека систем администраторите се исто опфатени со анкетата за програмирање и девелопмент.

Сите одговори во анкетата "Други ИТ индустрии" кои всушност припаѓаа во некоја од првите три анкети беа прегрупирани, а 5 одговори кои не можеа да се групираат во првите три, не беа земени предвид. Анкетата траеше од 6-ти февруари до 6-ти март, 2019 година и истата беше промовирана преку IT.mk и профилите на друштвените мрежи (вклучувајќи и платена промоција на Facebook) на IT.mk. Повици за учество беа споделени и во е-билтените на МАСИТ и AmCham.

Во анкетата е нагласено кои прашања дозволуваа повеќе одговори. При секоја пресметка на просечни месечни нето примања, не се земени во предвид невалидни вредности и вредности оценети како невалидни, примања на позиција пракса или примања на анкетирани лица кои работат во странство. За пресметување на просечни нето примања според тип на работодавач не се земени во предвид одговорите каде што анкетираното лице работи кај повеќе работодавачи. Приказот на вредност 0 во графиците означува дека нема доволно податоци за таа вредност.

Повеќе информации за преземање на оригиналните податоци од анкетата за лични, едукативни или комерцијални цели може да најдете на следниов линк.

За пријавување на грешка, ве молиме испратете е-маил на info@it.mk.