Мапирајте ја Македонија со Водич за Google Map Maker

Сакам Македонија да биде обележана на мапите исто како што се обележани поголемите држави и никој не може да ја обележи подобро од нас, бидејќи тука живееме, вели 19-годишниот студент Петар Трајков, креаторот на водичот за македонските мапери на Google Map Maker.

„Водичот кој го создадов е наменет за сите кои планираат да се занимаваат со мапирање. Почетниците преку него ќе се запознаат со суштината на мапирањето, и работите кои треба или не треба да ги прават додека поискусните ќе се информираат околу македонскиот модел на мапирање кој не е ист во секоја држава.“

Зошто ги преферираш Google Maps пред OpenStreetMap?

Затоа што Google Maps може да биде попрецизен во дадена област за разлика од OpenStreetMap. Алатката за мапирање се користи едноставно, брзо и лесно додека интерфејсот за мапирање на OSM e покомплициран и потежок за користење. Исто така постојат многу апликации кој го користат овој сервис. Поради самата природа на OpenStreetMap која е слична на Википедија, нема гаранција за точност. Се на се, Google Maps е попопуларен од OpenStreetMap.

Покрај сајтот на кој ќе најдете туторијал за Google Map Maker и како се користи, повеќе информации ќе најдете и на Facebook страната.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии