Работната околина на Maltego е доста динамична и пријатна, а со помош на нејзините графички способности веднаш ја увидувате поврзаноста на вметнатата цел.

За користење на Maltego мора да имате пристап до интернет. Секако дека ваквите алатки се од голема помош на владините организации како полицијата или приватните организации за форензика и анализа на податоци, но исто така може да ја користи и обичен корисник за побрзо и подетално собирање на информации.

За време на ова пишување, последната достапна верзија на Maltego е 2.0.1. Секако дека ваквите алатки доаѓаат во неколку изданија, зависно од потребата на корисникот или пак некоја организација. Затоа постои комерцијално издание (Commercial Edition) и издание за заедницата (Comunity Edition).

Комерцијалното издание не е бесплатно (коешто користи многу повеќе опции од Comunity Edition) и чини 430 американски долари за лиценца од 1 година и 320 американски долари за секоја година понатаму.
Доаѓа за 3 платформи и тоа: Linux, Windows и Mac (бета верзија).

  • За преземање на комерцијалното издание, повеќе ТУКА.

Изданието за заедницата е бесплатно со неколку ограничувања во споредба со комерцијалнта верзија. Но како и да е, пак врши работа ;). Достапна е за Linux и за Windows оперативен систем.

  • За преземање на бесплатното издание, повеќе ТУКА.

Постојат и едукативни видеа во кои се прикажува користењето на Maltego за неколку ситуации, кои можете да ги погледнете на Wiki страницата: http://ctas.paterva.com/view/Educational_videos

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии