Malta е нов стартап кој излегува од Google X Labs

Malta e нов „moonshot“ проект кој излегува од Google X лабораториите. Овој пат компанијата се зафати со енергетскиот сектор и ќе си конкурираат со Tesla.

До скоро Malta беше дел од X – Alphabet’s Moonshot Factory. Сепак компанијата е подготвена за првата инвестициска рунда и веќе ги прибра првите средства. Најголем инвеститор е Breakthrough Energy Ventures фонд чии дел се и Џеф Безос и Мајкл Блумберг, импресивното членство на фондот е заокружено со Бил Гејтс кој е претседател на фондот.

Што е Malta?

Malta е стартап кој работи на складирање на електрична енергија како термичка. Технологијата е базирана на истражувањето на нобеловецот Роберт Лафлин. Обновливите извори енергијата од сонцето и енергијата од ветерот се многу практични, но голем недостаток им е стохастичната природа. Ветерот и сонцето не секогаш се на располагање кога е потребна електрична енергија, а некогаш и се произведува повеќе енергија отколку што се троши во моментот. Секако ова значи дека во овој случај енергијата останува неискористена. Вообичаено кога се јавува овој случај се полнат батерии или со пумпи се полнат хидро акумулациите, во најлош слушај оваа енергија не се користи никако.

Project Malta е своевидна „батерија“ иако енергијата се складира поинаку. Наместо во електрохемиски ќелии, со топлинска пумпа секогаш кога има вишок енергијата се складира во растопена сол и ладна течност. Кога има потреба од повеќе електрична енергија отколку што капацитетите произведуваат, температурната разлика во солта и течноста се користи за производство на електрична енергија.

Најголема предност на технологијата е што енергијата може да се зачува неколку недели, а целиот систем се изработува од распространети и евтини материјали. Животниот век на оваа постројка е 20 години.

Следен предизвик за тимот кој работи на Malta е креирање на првиот пилот проект.

1 коментар на “Malta е нов стартап кој излегува од Google X Labs

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии