Малку повеќе податоци за Android Go

Google минатата недела го одржа својот Google I/O настан. Еден од најинтересните моменти на настанот беше најавата за „полесен“ оперативен систем Android Go. За жал многу малку податоци беа презентирани… Пoради ова Gadgets разговараше со Самир Самат од Google.

Првите податоци велат дека Android Go ќе биде достапен на телефоните кои доаѓаат со помалку од 1 GB RAM.

Она што го дознавме е дека Android Go не е паралелен оперативен систем. Станува збор за Android O, кој доаѓа со „полесни“ верзии на апликациите кои доаѓаат со телефонот. Името на оперативниот систем Android Go, всушност е кодно име за вработените во Google, по излегувањето нема да има два оперативни системи. Ќе постои единствено Android O. Android Go всушност е подесување на инсталицијата на оперативниот систем кај производителот. Ова важи за уредите кои доаѓаат со помалку од 1 GB меморија. Корисникот нема никакво влијание на ова.

„Го викаме Android Go – ова име е за внатрешна употреба, но оперативниот систем кој ќе им го испраќаме на партнерите е Android. Не постои различен оперативен систем наречен Android Go“, вели г. Самат.

Во моментов најверојатно најзаинтересирани за оперативниот систем се девелоперите. Сепак нема причини за стравување, API-та се исти па развивачите не мораат да се грижат за различни верзии на оперативни системи. Дополнително Android Go ќе овозможи уредите да бидат на актуелна верзија на оперативниот систем. За жал ова важи единствено за новите телефони.

Она што ќе влијае на апликациите е нивната оптимизација. Кај сопствениците на телефоните со Android Go при прегледот во Google Play препорачани ќе бидат овие апликации. Надвор од ова ограничување, остануваат и останатите, поддржаноста на апликацијата на уредот и во регионот. Во моментов Google работи на помала и „полесна“ YouTube апликација за Android Go, но и на функционалност за Google Play.  Промената во Google Play треба да овозможи јасно одбележување на апликациите кои се оптимизирани за овие телефони. Сепак корисникот ќе може да одлучи која апликација сака да ја користи.  Ова важи и за апликациите кои доаѓаат со телефонот како YouTube Go.

Првите телефони со Android Go доаѓаат во 2018, а кога цените се во прашање тие во целост се оставени на производителот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии