Малициозен софтвер пронајден во електрана во Вермонт

Годината заврши со обвинувања од страна на САД, а упатени до Русија дека земјата со хакирање на клучни системи и сервери на партиите во САД се обидела да влијае на резултатот од претседателските избори на кои победи Доналд Трамп. Во текот на 2017-та најавени се проверка за малициозен софтвер по енергетските капацитети во САД. Електрична компанија Burlington Electric од Вермонт тврди дека на компаниските лаптопи е пронајден руски малициозен софтвер.

Експертите на компанијата веќе го изолираат вирусот, компјутерите не биле споен со системот за контрола на електричната мрежа, пренесува BBC. Засега нема доказ ниту податок дека софтверот со кој се управува електричната мрежа е инфициран.

Кодот кој е пронајден на лаптопот се припишува на руската хакерска група Grizzly Steppe. Но исто така нема никаков доказ за користење на софтверот за нарушување на операциите на електраните, ниту пак конкретен доказ дека нападот е спонзориран од владата на Русија. Сепак експертите стравуваат дека поради автоматизираноста на процесот при успешен напад, последиците ќе бидат несогледливи.

„Жителите на Вермонт и сите Американци треба да бидат вознемирени и огорчени што еден од водечките светски насилници, Владимир Путин, се обидува да ја хакира нашата електрична мрежа, која е поддршка за нашиот начин на живот и економијата, здравјето и безбедноста. Оваа епизода треба да ја потенцира потребата од ставање крај на руското мешање.“, вели гувернерот на Вермонт, Петер Шумлин.

Она што сепак е важно е дека досега софтверот не може да се поврзе со Русија или со руска агенција а ваквите изјави и шпекулации не помагаат за конкретно разрешување на случајот. Дополнително е нејасно зошто напаѓачите се обидуваат да дојдат до мрежата.

Неодамна со соопштение за обвинувањата за влијанија излезе и следниот претседател на САД, г. Доналд Трамп. Тој објави дека ќе соопшти повеќе информации денес или утре.

„Па, само сакам да бидеме сигурни, ова се сериозни обвинувања и сакам да бидеме сигурни. Ако се вратиме на оружјето за масовно уништување, тоа беше катастрофа, а не беа во право. Затоа сакам да бидеме сигурни. Мислам дека не е фер ако не знаат. Јас знам многу за хакирање. Хакирањето е многу тешко да се докаже. Па можеби е некој друг. Јас исто знам некои работи кои другите луѓе не ги знаат, и затоа не можат да бидат сигурни за ситуацијата.“, вели г. Трамп.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии