Малечката Момо доби рака за која што сонуваше

Image courtesy of Microsoft

Напредокот на технологијата и 3д-принтерите ја поместија границата кога се во прашање вештачките екстремитети. Сепак вистински корисна протетика, која може делумно да ги замени рацете или нозете не може да се замисли без роботика. За жал, ваквите софистицирани протези достигаат цени и до  100.000 US долари.

Момо Сатон има десет години, а користи протеза од четири. За жал протетиката за деца е уште потешко да се изработи. Децата постојано растат, поради ова протезите кои ги користат често се основни. Превисоката цена и периодот од 1 до 2 години по што децата се пораснати и протезата мора да се промени, дури и со постоeчка технологија, децата мора да чекаат додека не престанат да растат за да добијат вистинки корисна протеза. Така овие деца не учествуваат во сите активности, иако би можеле да постигнат одлични резултати. Некои од децата не се најприлагодени да се справат со различостите, па има непријатни коментари кои можат да ги повредат.

За среќа на Момо, нејзината приказна некако стигна до Естон Лачапел, млад иноватор кој од 14 години дизајнира роботски раце. На 21 година г. Лачапел сака преку својата компанија Unlimited Tomorrow да ги направи софистицираните протези достапни за сите. На протези за раце работи веќе 6 години, со што го одложи и своето образовнаие. Наместо ова учеше како мозокот ги контролира мускулите и зборуваше со луѓе на кои им се ампутирани екстремитети. Неговите обиди да им помогне со технологија на луѓето на кои им е тоа навистина потребно стигнаа до Microsoft.

Компанијата го „спои“ со 20 ентузијасти кои размислуваа како него во Advanced Prototyping Center во Редмонд, Вашингтон. Ова му помогна да го реализира својот сон порано.

Раката е изработена со 3д-скенирање и печатeње на левата рака на Момо. Скенирањето го направи со Xbox Kinect на Microsoft.

„Се надевам дека овој процес ќе им помогне да десетици илјади деца како Момо низ целиот свет“, вели г. Лачапел.„Сакаме да им помогнеме на луѓето на кои им недостасува екстремитет со екстремна технологија, за само дел од денешната цена“.

Следен предизвик за г. Лачапел е скалирање на ова решение, можност за изработка во поголеми колични.

Момо Сатон и Естон Лачапел добија признание од Microsoft кој нивната приказна ја смести во „People Who Inspire

1 коментар на “Малечката Момо доби рака за која што сонуваше

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии