Мала компанија од Ирска вели дека Apple го злоупотребува терминот iWatch

Apple повторно може да се најде пред суд, но овојпат како обвинет. Компанијата е обвинета дека го користи брендот iWatch за рекламирање на Google, иако iWatch во Европа е трејдмарк на Probendi – мала компанија од Ирска, пренесе Bloomberg.

„Apple систематски го користи терминот iWatch на Google пребарувачот да ги пренасочи корисниците на сопствената страна, на која се рекламира Apple Watch“, вели Probendi во претставката до судот во Милано. Probendi и самите работат на паметен часовник и досега неколку пати ги контактирале Google и Apple со поплака. За жал досега не добија одговор од Apple, а Google им одговорил дека не се одговорни за линковите кои се јавуваат при пребарувањето.

Probendi бара отштета од 97 милиони евра. Bo 2012 година во сличен судски спор Apple исплати 60 милиони долари на компанија во Кина, која ги имаше правата на името iPad во Кина. iWatch од Probendi требаше да биде поевтин од Apple Watch, но и да доаѓа со Android. Проектот во моментов е ставен во мирување. Барем за сега е нејасно дали компанијата навистина размислува да креира сопствен паметен часовник или станува збор за трол патент со кој Probendi сака да извлече пари од Apple…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии