Максимилијан Ламбертсон на Македонија 2025: Економската активност на Западен Балкан е подобрена

Дејан Соколоски

во Вести

На 7 ноември започна Самитот Македонија 2025, официјално самитот се отвори денес со поздравното обраќање на Ентони Б. Ким од фондацијата „Херитиџ“. На дводневниот самит ќе присуствуваат над 350 гости кои имаат можност да слушнат за најдобрите светски практики во бројни актуелни области, меѓу кои: дигитална трансформација во бизнисот, производство на канабис за медицински цели, примена на најсовремените технологии во здравството, изградба на технолошко-иновативни центри и вештачка интелигенција.

Има бројни важни прашања поврзани со политиките за кои треба да ги споредиме погледите и да размениме отворени перспективи. Амбиентот за водење политики во многу делови на светот рапидно и динамично се менува, нудејќи како можности така и предизвици. Тоа ќе биде навремен повод да ги разгледаме нив на стратешки начин свртен кон иднината, особено во контекст на тоа како да се дефинира една обновена патека за Македонија и да се реализира нејзиниот целосен потенцијал – изјави Ентони Б. Ким, Менаџер за истражување, Уредник на индексот за економска слобода во фондацијата Херитиџ, САД.

Дискусиите од првиот ден се поврзани со глобалните економски предизвици.  Секако ќе стане збор за странските инвестиции и нивно привлекување, како и за најдобрите пракси и искуства на глобално ниво. Економската активност на Западен Балкан се има подобрено во изминатите три години вели Максимилијан Ламбертсон, водечки аналтичар за Источна Европа во The Economist Intelligence Unit, Велика Британија.

Регионот мина низ значителен период на прилагодување по светската економска криза во 2007-09, кога инфлацијата достигна историски најниски нивоа, што овозможи поусогласена монетарна политика која поддржува раст. Предвидуваме просечен раст на реалниот БДП од речиси 3.3% во 2018-22 кај земјите на Западен Балкан, додава г. Ламбертсон.

Една од темите кои ќе бидат разгледувани е и помалку контроверзното прашање за производство и употреба на медицински канабис. Употребата на канабис во медицински цели е се позастапена, но ова сè уште е прашање кое треба да се анализира и бенефитите да се објаснат пред јавноста.

Утре фокусот на самитот ќе бидат дигиталната трансформација, најновите технологии во здравството и зелените индустрии.

Целта на Самитот е да се стимулира соработка, размена на знаења и лидерски развој. Годинава посетителите ќе можат да слушнат говори од 60 експерти од над 20 држави, кои во рамки на над 15 интерактивни сесии, ќе дискутираат на теми релевантни за глобалната економија, но и за регионот. Темите се поврзани и со економски предизвици на светско ниво, како што се трговските војни, масовните миграции, недостатокот на квалификувана работна сила и нивното влијание врз „малите“ економии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии