Максимална контрола врз самопокренувачките апликации и процеси со Quick Startup

За многумина, времето на покренување на компјутерот знае да биде исклучително долго. Главните виновници за тоа се бројните апликации и процеси кои автоматски се вклучуваат со оперативниот систем. Времето на чекање дефинитивно е пократко доколку имате SSD диск, но што е за сите останати кои немаат? Самиот оперативен систем има вграден управител за самопокренувачки апликации. За употребата на Startup Manager и слични совети за побрза работа во Windows 10 пишувавме неодамна и тука.

Во оваа прилика, меѓутоа, би сакале да ве запознаеме со потенцијалите на апликацијата Quick Startup. Преку едноставен интерфејс добивате детален увид во бројни апликации, процеси и услуги. Со само еден клик можете инстантно да деактивирате она што не ви треба, се со цел да се забрза времето на покренување на оперативниот систем. Во овој момент, би можеле да се запрашате зошто воопшто би оделе со Quick Startup кога ова е можно и во веќе-вградениот Startup Manager.

Бесплатниот продукт на Glarysoft се одликува со феноменалната Delay алатка со која можете да наместите по одредено време да се покренат одредени програми. На тој начин, првичните драгоцени секунди се резервираат за критичните потреби на оперативниот систем. Со други зборови, Quick Startup ви дозволува да наместите еден програм автоматски да се вклучи, пример, 50 секунди по покренување на оперативниот систем, друг програм да се вклучи, 100 секунди подоцна, а трет 40 секунди по тоа. Со алатката Delay можете да наместите задоцнето самопокренување од 20 па се до 270 секунди. За повеќе детали, одбележете каков било процес, програм, или акција, изберете Tools, па кликнете на More information.

Quick Startup e корисна алатка независно од вашето предзнаење. Но, во случај да не сте задоволни и да барате малку поразлична алтернатива оваа кратка листа е само за вас!

Пет алтернативи на Quick Startup:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии