Македонско-хрватскиот Fueloyal се најде меѓу 500-те стартапи на Mobile World Congress

Паметното капаче за гориво на Fueloyal, македонско-хрватски стартап, се најде меѓу 500-те стартапи кои ќе добијат шанса да се претстават на Mobile World Congress 2015 во Барселона, кој се одржува од 2-ри до 5-ти март. Конференцијата е една од најголемите саеми за технологии, и е одлично место каде Fueloyal ќе се претстави пред потенцијалните инвеститори со штанд и на сцена како еден од осумте финалисти на категоријата Internet of Things.

Fueloyal разви паметно капаче со кое може да се мери потрошувачката на гориво, и кое е пред се наменето да им помогнат на камионските превозници да ја мерат потрошувачката и да ги намалат кражбите на говори. Како што вели Игор Христов, македонскиот основач на Fueloyal, капачето веќе е патентирано, најдено е производител од Бугарија и веќе ги имаат првите нарачки. Настапуваат во Барселона со намера да привлечат уште инвеститори кои ќе им помогнат со дилемата дали да го таргетираат само американскиот пазар, кој има огромна камионска индустрија, или пак да се фокусираат и на Европа. Стартапот има американски бизнис партнери со кои им е полесно да оперираат преку Атлантикот, додека во Европа може да им биде малку покомплицирано бидејќи има еден куп различни земји.

Покрај нив, друг регионален стартап кој се најде меѓу одбраните стартапи е хрватската апликација Photomath, пишува Netokracija. Photomath е иновативна апликација која преку камерата на телефонот може да препознае и да реши математички формули.

[youtube]LZSqDlCA5s8[/youtube]

1 коментар на “Македонско-хрватскиот Fueloyal се најде меѓу 500-те стартапи на Mobile World Congress

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии