Македонците во топ 10 по кликање на реклами на Facebook

Image courtesy of We Are Social Singapore

Со 18 кликови на реклами месечно, македонскиот Facebook корисник е еден од најактивните во овој сегмент на друштвената мрежа.

Овие 18 кликови на реклами не се средна вредност, туку медијана. Ова значи дека бројот на корисници со над 18 и бројт на корисници со под 18 клика на реклами е еднаков.

Според анализата на We Are Social Singapore корисникот од Македонија е на 8 место по маркетинг активности на друштвената мрeжа.

На прво место се жителите на Фарски острови со отворени 24 огласи, па следат Порторико со 23 и Исланд и Хрватска со 21.

Во период од 1 месец, корисникот од Македонија има 15 лајкови и 4 коментари на постови и 1 споделување на постови.

Но, ако ова се добри вести за компаниите кои огласуваат во Македонија за жал има и лоши вести, и тоа многу лоши. Глобално падот на отворање реклами е значително намален. Статистички падот кој е забележен е 20% намалени интеракции со рекламите.

Прилично долга и детална анализа на темата има Next Web, па ако работите со реклами на Facebook секако разгледајте ја статијата. Интересно, намалувањето на кликови на рекламите можеби и нема да се одрази на успехот на камањите. Ова секако важи доколу во овие 20% корисници не се оние корисници кои ги купуваат производите.

Интересен податок е дека медијаната кога бројот на допаѓања на страници е во прашање е прилично ниска и е 2.

Сепак опаѓањето на кликови на реклами на Facebook е тренд. Доколку продолжи, заработката на најголемата друштвена мрежа секако ќе биде доведана во прашање кога дел од огласувачите ќе побараат алтернатива.

1 коментар на “Македонците во топ 10 по кликање на реклами на Facebook

  1. Мене поинтересен ми е фактот дека скоро никој не коментира и шерува ствари :) сите скролаат и скролаат и скролаат и може тук там по некој лајк ќе бапнат

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии