Одлична вест на крајот на оваа година за сите кои веруваат во успех на своите онлајн продавници. Во 2019 македонските купувачи своите пари онлајн најмногу ги трошеле во продавници од Македонија. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод на статистика кои ги сподели e-Commerce. За разлика од досега, Македонците сега најмногу купувале онлајн од продавачи од нашата земја (38,8 %). Ова секако не беше случај донеодамна кога најголем дел од купувањата беа од другиот дел од светот.
Покрај овој тренд охрабрува и статистиката која покажува дека купувањето онлајн и понатаму расте. Резултатите на анкетата покажуваат дека последните 12 месеци е-трговијата има раст од 14%, односно онлајн производи купиле 35,9% од интернет корисниците, наспроти 31,6% од интернет корисниците во истиот период минатата година.
Пораст и на интернет пенетрацијата
Мал пораст е забележан и во интернет пенетрацијата, за 3 месеци домаќинствата кои користат интернет е пораснат на 81,8 отсто, во споредба со 79,3 отсто минатата година. Најголем дел од корисниците имаат пристап до широкопојасен интернет (80,4 отсто). Бројот на корисници кои секојдневно користат интернет е во пораст. 72,9% користат интернет секој ден, наспроти 68,7% лани.
Најголем дел од луѓето користеле друштвени мрежи и објавувале и тука споделувале сопствена содржина. Во овој дел на корисници кои споделуваа содржини се измешани и креаторите на софтвер. Оваа најчеста активност на корисниците од Македонија ја практикуваат 70,4 отсто од интернет корисниците. Размена на пораки и онлајн комуникација преку најпопуларните платформи како Viber и Messenger е на второто место, и е заедничка за 70,1 отсто од корисниците.
Што купувавме во 2019?
Најголем дел од купувачите 35,8 отсто, купувале облека и спортска опрема. Разликата помеѓу „второто место“ е значителна и производи за домаќинство купиле 10,5 корисници, а со 10,4 отсто на трето место е електронската опрема.