Македонските власти ќе инвестираат 2,3 милиони евра во стартапи за една година

На првиот Startup Grind Skopje, покрај излагањата за успешни примери на стартапи, беше претставена и новa програма на Фондот за иновации и технолошки развој за кофинансирање грантови за стартапи, спиноф компании и иновации со 85 отсто учество до максимален износ од 30.000 евра; останати пари треба да ги обезбеди стартапот. Според директорката Јасмина Поповска, фондот има 2,3 милиони евра за првата година, позајмени од Светска Банка, распределени низ четирите програми кои ќе поттикнат развој на микро, мали и средни компании кои ќе го поттикнат технолошкиот развој и иновациите во Македонија. Има предвидено околу околу девет милиони евра за три години, а наскоро ќе се промовираат и регионалните и европски фондови за финансирање на мали компании, главно ИТ стартапи, кои ќе понудат поголем фонд на пари.

„Инструментот е достапен за сите, за сите индустрии, иако тука најмногу се зборуваше за ИКТ, бидејќи во тој сектор е најлесно да се направи иновација, и бидејќи се следат современтите трендови, и со мала инвестиција за компјутер и неколку луѓе може да се дојде до решение кое ќе има комерцијална вредност. Но, не фаворизираме никого“, вели г-ѓа. Поповска во своето излагање на Startup Grind.

Фондот, кој ќе биде достапен за аплицирање наскоро, најверојатно од септември со два јавни повика, ќе се фокусира на македонски стартапи, што значи дека има ограничувања кои ќе се обидат да ги задржат компаниите во земјата. Ако се продаде стартапот или се промени седиштето, тогаш ќе мора да се вратат инвестираните пари. Грантовите ќе бидат неповратни, што значи дека ако не успее компанијата, ќе се претрпи загубата, но ако успее тогаш ќе се враќаат 5 отсто од годишните приходи, се додека не се врати долгот во одреден неколкугодишен период, според Правилникот за инструментот за поддршка.

(Oва е снимка од презентацијата на г-ѓа. Поповска, заедно со прашањата од публиката)

Секој стартап, дури и тие што се само еден ден стари до максимум две години, ќе можат да аплицираат за пари, но ќе мора да се компании. Физичките лица ќе одат преку програмите на поддржаните акселератори кои ќе нудат менторство, канцеларии и опрема. Изборот на кој ќе добие пари ќе биде оценет од бизнис-ангели и експерти со долгогодишно искуство, кои ќе проценуваат дали стартапот нуди иновација. Иако овој избор може да биде проблематичен бидејќи „што е иновација“ е малку нејасен концепт, сепак ќе има неколку критериуми кои ќе се бодуваат како потенцијал да се излезе и освои глобален пазар, технолошка иновација, но и суштина на бизнис план и искуство и мотивација на тимот зад стартапот. Сите компании ќе бидат следени за статистички податоци, но и за проверка на кои резултати имаат стартапите врз општеството бидејќи како што вели г-ѓа. Поповска, „фондот е наменет да креира економски раст и нови работни места“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии