Македонските власти барале податоци за 23 корисници од Facebook

Барањата за пристап на податоците на корисниците од владите, никој пат досега не биле почести и повеќе по број, вели најголемата друштвена мрежа во својот извештај за транспарентност. Само за првата половина на 2015 година поднесени се над 41.214 барања до Facebook да предаде лични податоци за своите корисници.

facebooktransparency

На листата се прикажани податоци и за барањата кои доаѓаат од Македонија. Македонските власти поднеле 10 барања за 23 корисници во периодот од јануари 2015 до јуни 2015 година, а на 30 отстo од овие барања Facebook одговорил потврдно, односно пратил некакви податоци. Тоа што е интересно е што во последните шест месеци бројот на барања е повеќе од двојно зголемен споредено со ланскиот период од јули до декември 2014 година, кога се испратени 5 барања за 8 корисници. Една година претходно од јануари до јуни 2014 година беа испратени 10 барања за 12 корисници.

Очекувано најголем дел од барањата доаѓаат од САД, 17.577 барања за 26.579 корисници, на кои Facebook одговорил потврдно во 80 отсто од барањата. Во Европа лидери по барањата за пристап до податоци од друштвената мрежа Германија и Франција со 2.520 и 2.344 барања.

1 коментар на “Македонските власти барале податоци за 23 корисници од Facebook

  1. Sepak nekoj mora da ti go shtiti gazot od terorosticki napadi, organiziran kriminal, droga i sl. Ako poglednesh za sekoja drzava toj e procentot duri ima i enormno pogolemi. Dzabe plukate po Makedonija i MVR

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии