Facebook е доминантна мрежа во Македонија, но твитерџиите иако ги има далеку помалку, сепак се неуморни во пишување твитови и креирање на јавното мислење. Само во последните шест месеци се напишани околу 5,7 милиони твитови, покажува статистиката на Time.mk/twitter кој следи околу 59.265 профили, од кои 9,915 се македонски. Споделени на Twitter и Блогираме наградите, статистиката покажува дека твитерџиите можеби претеруваат со твитањето, но и дека бројките само ќе продолжат да раснат како што се зголемува бројот на твитерџии. Еве ги статистиките:
- Околу 9,915 македонски твитерџии;
- 5.704.574 уникатни твитови во последните шест месеци;
- или 950.762 твитови месечно;
- или 31.344 твитови дневно, од кои македонските портали твитаат околу 4.000 твитови;
- или 1,306 твитови секој час;
- или околу 22 твитови во минута!
Нa Time.mk/twitter ќе може да ги најдете најпопуларните твитови во последните 6 часа, но доколку сакате да дознаете повеќе за кој има најмногу следбеници, најмногу твитови, или е највлијателен тогаш вреди да ја разгледате презентацијата на Игор Трајковски.
MKD Twitter 2013 (податоците од вчеера, PDF) https://t.co/Fs6Q23LxgZ #твитернагради
— Igor Trajkovski (@mkrobot) December 5, 2013