На денот на Крводарителите во Македонија, на 17-ти март од 11:00 до 20:00 часот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, ќе се одржи втора крводарителска акција организирана од група македонски твитерџии, неколку македонски сајтови и Црвениот крст на Македонија. Стартуван е нов профил @Krvodariteli и хаш-таг #крводарители преку кој ќе се мобилизира хуманата заедница. Ова е втора крводарителска акција, на првата на 13-ти септември крв донираа 102 крводарители.
Заборавете на политка на еден ден и покажете ја хуманоста. 17ти март. Дојдете и дарувајте. Важата крв може да спаси живот. #крводарители
— Крводарители (@krvodariteli) March 1, 2014
Интересно, @IceManAndov, кој заедно со @ivogievski се иницијатори на акцијата, во блог пост објаснува дека идејата за крводарителски твитап дојде од твит на @Stonogalka. Првичната идеја беше да направат традиционална крводарителска акција на секои шест месеци, но таа се претвори во нешто далеку поголемо. Хуманоста нема да запре само со донирањето крв. Пред настанот, на 15-ти и 16-ти март ќе бидат поставени пунктови низ Скопје за собирање на алишта, играчки и парични средства за домот за деца без родители „11-ти Октомври“, а по акцијата, вечерта на 17-ти, е закажана дружба во Ракија бар „Калдрма“ во Скопје на која 20% од прометот ќе биде дониран во домот.
Што значи дарувањето крв, кои се предностите и многу други информации. http://t.co/iKKCeMG5Yb
— Крводарители (@krvodariteli) February 26, 2014
Минатата акција 102-ца дојдоа да даруваат крв, од кои на 75 им беше дозволено. Да собереме дупло овој пат!
— Крводарители (@krvodariteli) January 22, 2014