Македонските педофили ќе бидат објавени на Веб?

Законот за посебен регистар на лица осудени за педофилија изработен од Министерството за труд и социјална политика е влезен во собраниска процедура и доколку биде изгласан ќе им дозволи на властите да ги објават имињата на осудените за сексуална злоупотреба на малолетни лица на Интернет.

Идејата зад предлогот е листата со имиња да служи како превентивна мерка, заштитувајќи ги децата од такви и други злоупотреби со тоа што родителите ќе бидат информирани доколку некој осуденик живее во нивна близина, а воедно ќе им помогне и на инстутуциите за полесно справување со случаите. Вакви листи постојат во неколку европски земји и САД, а Македонија ќе биде прва земја од регионот којашто ќе користи ваков регистар за педофили. Регистарот ќе содржи податоци за името и презимето, датумот на раѓање, адреса на живеење, кривичното дело за кое е осуден и фотографија.

Во Македонија официјално има 231 осудени педофили, 38 се повторници, од нив 25 еднократни, додека 12 педофили злоупотребувале повеќепати, според Институт за социолошки и политичко правно истражување.

Предлогот на јавно обедоленување на педофилите си има свои критичари кои велат дека е против човековите права и може да доведе до дискриминирање на осудениците кои си ја издржале казната. По рехабилитацијата тие се повторно слободни луѓе.

(via Нова Македонија)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии