Неверојатно е како медиумите ни пласираат прилози/текстови со некои чудни испревртени идеи
за технологијата и информатичкото општество кои овозможуваaт пред се комуникација. Термин кој што медиумите треба најдобро да го знаат и искористат.

Ова се извадоци од текстот:

Интернет кафулињата се преполни со гејмери

– Епа кој друг? Очекувам следниве денови некој текст со наслов „Рестораните се преполни со луѓе„.

Да се поминуваат по пет-шест, па и повеќе часови на компјутер играјќи видео игри или сурфајќи на интернет, да се живее во сајбер простор во едно време беспросторно.

– Јас поминувам по 5-6 саат пред компјутер на интернет, во овој „нереален“ свет, јас комуницирам со луѓе како мене, со деловни луѓе, се информирам за што се случува во светот, се едуцирам ….

Од шестгодишни деца до луѓе во триесеттите години играат видео игри, несвесно
заменувајќи го реалниот со виртуелен свет, во кој најчесто треба да се убијат многу противници за да се стигне на следното ниво.

– Да, точно е дека играат игри луѓе од 7 до 77 години, но дека НЕСВЕСНО го заменуваат реалниот со виртуелен свет, не би рекол, барем јас досега немам слушнато за некој гејмер да излезе на улица со безбол палка и да стопира коли, да ограбува, да тепа луѓе и притоа да го бркаат полициски коли(по
надминати две ѕвездички). Од друга страна нели и во животот е така – да се работи многу, па дури и монотони работи, со цел да се стигне до нешто што го сакаме.

Во светот постојат 9 милиони играчи на World of Warcraft, исто толку и на Counter Strike, но досега нема случаи на убиства или насилство предизвикани од тие игри, напротив многу од тие играчи се организираат во турнири во кои се вртат „големи“ пари, што играњето конкурентни игри добива
статус на спорт.

„Играме „Кантер“, „Дота“, „Ворлд оф вор крафт“. Агресивните игри се поинтересни во интернет кафе“, рече гејмер.

– Колку подобар би бил текстот доколку реченицава завршуваше во стилот „рече гејмер на ?-годишна возраст кој веќе ? години е навлезен во гејмингот“. Чисто да знаеме отприлика кој тоа зборува во множина за гејмерите и генерализира. Овој метод на лепење изјави на анонимни лица стварно
ме нервира веќе подолго време, но тоа се случува често во нашиве медиуми.

Експертите предупредуваат дека ваквите игри се опасни.

– хаха… Како се тие опасни? Мислам дека експертите кои предупредуваат дека ваквите игри се опасни се поопасни.

„Јас имав можност да посматрам неколку интернет кафиња, но и подолго време една група на деца кои доаѓаа еден период. Тие играа постојано воени игри. Толку се занесуваат, дури вриштеа, се внесуваа во тоа“, вели Илија Ацевски, универзитетски професор.

– Што има лошо некој да се внесе во нешто и да посвети поголемо внимание, па дали некогаш сте посетиле маалски фудбалски натпревар или партија баскет? И Илија Ацевски е универзитетски професор по ???

„Дали има негативни последици? Секако“, рече Ацевски.

– На пример?

Велат дека остануваат со часови пред компјутер за да победат, како што велат со нивниот јазик, да ја свртат играта и повторно да почнат од почеток.

– lol.

Во Македонија досега не се направени посериозни научни истражувања за негативното влијание од долготрајното играње видео игри или постојаното сурфање на интернет. Но, научните истражувања во светот укажуваат на фактот дека таквиот начин на комуникација претставува зависност иста како зависноста од сите видови пороци.

– Во Македонија досега не се направени посериозни научни истражувања ниту пак за ПОЗИТИВНОТО ВЛИЈАНИЕ од гејмингот и постојаното сурфање на интернет. А за истражувањата во светот, чии научни истражувања?

Гејмерите се сосема обични луѓе. Тоа се деца, татковци, сопрузи, браќа, но зад компјутерскиот екран имаат друг лик, со речникот на компјутерџиите, најчесто стануваат сајбер ѕверови.

– Сајбер ѕверови?

Во речникот на компјутерџиите: stfu;.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии