На прв поглед на овој сајбер простор може да се приметат еден куп забавни портали кои нудат едно-те-иста содржина и неколку со специјализирана и локална содржина. Тука се и форумите. Ги имаме и блоговите кои покрај одличниот влијателен старт, некои блогери се пробија во медиумите, сега се загушија од друштвените мрежи oд кои Facebook, Twitter и FourSqare се најполуларни во Македонија. Тука се и локалните Prijateli.com.mk и Top.mk.

Нa прв поглед нема ништо позначајно. Но… има надеж за овој сајбер простор.

Кога малите и големите бизниси станаа свесни за потребата на интернетот на површина се појавија веб дизајнерите, од аматери до професионалци правејќи ја оваа професија релативно успешна во Македонија. Но од друга страна проблемот е што има толку .мк сајтови за толку компании, па лебот ќе мора да се бара надвор од македонскиот Веб, а за да се дизајнира за други е потребно талент и знаење.

Најинтересниот дел од македонскиот сајбер простор сепак стануваат локализираните веб сервиси креирани од македонски корисници и програмери.

Во потрагата за информации во последниве 2 години видовме и локализираните агрегатори за вести, пример Time.mk и Daily.mk се примери кои ги собраа и спакуваа вестите од летаргичните веб изданија на македонските медиуми и на своите посетители им понудија квалитетно искуство.

Има и сервиси како Ping.mk коj е кориснички агрегатор, нудeјќи му на корисникот да додава корисни информации. Кога сме кај споделувањето информации мора да се спомене и Википедија на македонски која со успешниот волонтерски труд има над 40.000 текстови.

Еден од најбрзо растечките сервиси, ако може така да се нарече, е веб базираната Mafia.mk. Од стартувањето во 1 март веб базираната игра има околу 25.000 регистрирани корисници и околу 25.000 посети на ден. Но тоа е почетокот велат од Mafia.mk.

„На 1 Септември каде што ќе започни новата сезона од играта, а исто така со пуштањето на целосната верзија играта ќе биди проширена во Бугарија и Србија што значи играчите од трите земји ќе можат да се натпреваруваат меѓусебно. :)” вели Трајче Петров, креатор на играта.

Со раст на друштвените мрежи забележавме и креација на корисни веб сервиси. Пример со популарноста на Twitter се појави 0.mk за кратење на линкови на Twitter. Потоа следуваше 140.мк сервисот за следење на локалните корисници на Twitter. Имаме сервиси како Jas.mk, rimuvaj.mk

Имаме и корисни сајтови како tutoriali.com.mk, едукативно сервиси како e-uciliste.com, а имаме и неверојатни колекции како pesna.org.

Уште поинтересна станува ситуацијата ако се земе в предвид развојот на паметните телефони. На Vip Android предизвикот се пријавија 212 мобилни апликации. Тоа се 212 мобилни апликации на македонски јазик! Рано е да се зборува за нивниот квалитет и понатамошен успех, но се гледа дека има амбиција кај програмерите. Всушност сега не мора да си програмер за да креираш апликација.

Што понатаму?

Мистеријата со непропорционалниот број на порталите со локалната содржина ќе остане. Но блоговите можат повторно да станат влијателни пред се бидејќи гледаме специјализирани блогови кои со помош на друштвените мрежи полесно можат да допрат до поширока публика. Пример, блогови за дизајн, блогови за мобилна технологија, за е-трговија…

Токму е-трговијата е следното големо нешто за Македонија. Потенцијалот тука може да се гледа од аспект дека локалните продукти можат да се промовираат со е-продавниците низ и надвор од Македонија таргетирајќи повеќе потенцијални потрошувачи и обратно, да има поголем избор на продукти од е-продавници надвор од Македонија.

Би било навистина кул е да видиме веб сервиси кои ќе го поедностават и помогнат во сето тоа тргување. Пример, веб сeрвис кој нуди локални попусти со користење на FourSquare или гео-локациска сервис, а плаќате преку профил или кредити од сајтот. Или требаше да ја чувам таа идеја? damn!

Апликациите за паметните телефони се исто така потенцијален пазар. Корисноста на апликациите зависи само од креативноста. Веб сервиси за интеракција на друштвените мрежи е исто така корисно нешто. Не секој знае англиски и знае да се снајде со други веб сервиси. Но доколку се на македонски или албански јазик тогаш нивната функционалност станува поголема.

Мисли глобално, делувај локално, нели?

Што мислите вие, што го одбележува македонскиот Веб и што не очекува понатаму? Покрај тоа сигурно испуштив некој .мк сервис, затоа слободно пишете ни доле во коментарите.

20 коментари на “Maкедонскиот Веб: краток осврт и што понатаму

  1. IT e врх на општеството кога ќе се средат другите работи во една држава потоа зборувајте за ИТ напредок.
    п.с
    Бадијала е незаконски форум единствениот успех на бадијала е Интернет лимитот доколу го снема торентите ќе си дојдат каде им е местото.
    Просечна возраст на Бадијала е 12.5 год во оваа возраст не гледам никаков бизнис план Бадијала одамна требаше да се трансформира во нешто посериозно.
    Единствениот успех на Бадијала е што создаде готовани (кој ги имаме во преголем број и без Бадијала) со редки исклучоци

    1. "IT e врх на општеството кога ќе се средат другите работи во една држава потоа зборувајте за ИТ напредок. "

      Со ИТ може да се гурне, промовира и забрза развојот. Мала земја сме со ИТ може да направиме многу со оутсорсинг на трудот за добри пари, но …. да, проблем е што многу работи се проблем тука па кај и да е ќе засметаат во даден момент.

  2. "вели Трајче Петров, креатор на играта."

    Trajce e kreator na igrata kolku jas sum kreator na IT.com.mk .. Igrata e prevedena verzija na Bandias.com so mali izmeni. Mozebi samo ja kupil igrata no moze i da se najde na skoro sekoj Warez forum

    1. А како ќе ги споредуваш бадијала со кајгана? Кајгана е форум за дискусии, бадијала е варез форум, но има и место за дискусии. Си влегол на бадијала да видиш каква е состојбата? Бадијала одат напред, а кајгана? Четири години со еден исти дизајн, се едни исти работи, Не е досадно веќе?

      1. Про-Бадијалџија, види вака… Како прво форумот е незаконски, и како што кажа dr_virus подоле, просечната старост (т.е младост) е 12.5 години! Значи не е финтата да се менува изгледот секој два месеци. Кајгана има многу квалитетна содржина во разлика со Бадијала! И сепак си кажа, два различни поими. И сега Кајгана има нов изглед (vBulletin 4 вооо портокалова форма) на форумот, така да и тоа што го напиша ти отпаѓа…

    2. Колку коментари имаш толку докажува дека си ретардирана личност. Кајгана форумот е добар но имаат проста администрација, за жал.

  3. Nekoi vikaat deka Badijala.com oznacuva crna tocka vo makedonskiot prostor, no mislam deka tamu se slucuva poveke kreativnost i diskusii odkolku li mnogu drugi sajtovi vo makedonija.

  4. Мислам дека со зголемувањето на конкуренцијата ќе расте и квалитетот на забавните портали.

    Исто така мислам дека ми е преку глава од плукање од самонаречени експерити кои магично секогаш знаат се', а никогаш не сме виделе ништо од нив.

    Преку глава ми е од неписмени мрчатори кои мислат дека ако прочитале две книги, од еднаш се експерти од економија, бизнис модели, маркетинг експерти и новинари.

    Во случај да не се препозна, се однесува на „дечкото“ во погорните коментари, кои треба да сфати дека неговото време е поминато и е само еден излитен програмер.

    Доаѓа време на млади луѓе, кои изгледа го прави да се чувствува бескорисно и неупотребливо.

    Поздрав, и следен пат мрчење со факти и искуство, не со тапшање по рамо.

    1. „Забавни портали“, така се нарекувале… Оксиморон, барем според она што денес го гледаме кај нас, освен ако „таргет“ не им се 13-годишни пубертетлии …
      Нема тука конкуренција, бидејќи победникот во конкуренцијата се изразува во остварен профит. Освен ако профитот не се мери во „чалам-долари“.

      Тоа што се брои е креативност и оригинални авторски содржини. За среќа, имаме такви — се надевам дека ќе продолжат.


      P.S. @"Nenad": Анонимен? Ма ајде, дечко. Јас си го ставам името каде што ми се зборовите. Направи исто. Вака си само „мрчатор против мрчатори“ :)

  5. „не поради продадените реклами или други приходи. Немаат бизнис модел, немаат целни групи, немаат реално корисни сервиси и најчесто се блокирани на компаниските мрежи“

    Бизнис моделот е продадени банери. Тоа е проблем за секој програмер да стартува свој сервис. Има јака конкуренција кај порталите.

  6. Но, она што најмногу ме плаши е недостатокот на сериозни веб-девелопери. Има, не е дека нема, но малку се.
    Не мислам на „девелопери“ кои прават сајтови поставени на платформи со готови модули, и нешто малку оригинален код најчесто преточен во контакт форма.
    Тука не ги вбројувам ниту drag'n'drop „програмерите“ на dotNet платформата ( http://instantekspert.blogspot.com/2010/06/aspnet… ).

    Мислам на „тврди“ веб-апликации, front-end-ови на сериозни бази, најчесто поставени на компаниски интранети или екстранети.
    На Тутунска банка ѝ требаше 10 години да направи полу-сварен интерфејс за корисниците, а кој ја видел катастрофата од фронт-енд на Про-кредит банка, ќе разбере за што зборам. А не се само банките…

  7. Од сајтовите, сето останато е јад и беда од жолти „вести“, украдени и лошо преведени содржини, огласни табли за „пријателските“ домашни камењарки, ирелевантни обиди на аматери со рок на траење помал од литар јогурт. Обично имаат „хранливи“ или земјоделски имиња, и треба да се заобиколуваат оддалеку.
    Тие опстануваат поради чист инает, чалам, некреативност и безработност на нивните сопственици, а не поради продадените реклами или други приходи. Немаат бизнис модел, немаат целни групи, немаат реално корисни сервиси и најчесто се блокирани на компаниските мрежи.

    Најголемата македонска блог-платформа има цензори (наводни „уредници“), нејасна политика на приватност, нестабилна е и ограничена во дизајнот и можностите. Згора на сѐ, мораш да се логираш за да коментираш. Тапа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии