Македонскиот уметник Тхе Мичо нацрта нова игра со карти

Македонскиот артист Михајло Димитриевски, попознат како Тхе Мичо, повторно работи на игра за карти. Овојпат ги црта картите за Valeria: Card Kingdom, во соработка со Исаијас Валејо и Daily Magic Production. Играта е поставена на Kickstarter, и можно е да биде втората реализирана игра со карти за која Тхе Мичо, кого најдобро го познаваме по Еднооки, ќе ги нацрта ликовите. Тој претходно работеше на играта со викинзи Shipwrights of the North Sea.

Valeria е игра со карти, во која 2 до 4 играчи се натпреваруваат кој ќе го направи најдоброто кралство. Играчите започнуваат со две карти, еден селанец и еден витез, а понатаму со помош на коцки ги активираат своите карти, регрутираат нови карактери и се бори за победата. Дел од картите/единиците обезбедуваат ресурси, а дел, пример паладинот, се војска. Приказната зад играта ќе им биде познат на играчите на Dungeons & Dragons, па дел од противниците кои треба да бидат победени се Крал гоблин и легендарниот Owlbear. На крајот на играта играчите го отвораат скриениот владетел (еден од нив е и Duke Mico! – The monster slayer) кој овозможуваат различни бонуси при броењето на поените кои решаваат кој на крајот ќе биде „Владетел на Валерија!“.

Играта во моментов има Kickstarter кампања со собрани 9.000 долари од потребните 14.000, кои најверојатно ќе бидат соберени бидејќи има уште дваесетина дена од кампањата. Покрај играта која ќе им биде достапна на подржувачите, во зависност од собраните финансиски се најавени нови проширувања на играта. На популарните сајтови за игри на табла како Boardgamegeek играта е одлично прифатена, па речиси без сомневање Valeria: Card Kingdom ќе биде нов успешен проект илустриран од Тхе Мичо. Според најавите Valeria ќе биде достапна во јануари 2016 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии