Maкедонскиот тим на Singular објави онлајн обложувалница наменета за Грузија и Казакстан

Singular, грузиска компанијата која пред повеќе од една година отвори своја канцеларија во Македонија, го објави првото решение изработено целосно од развојниот тим во Македонија. Станува збор за платформа за онлајн обложување која доаѓа под името SportsbookV2, но која не е достапна во земјава, туку е наменета за странските пазари.

„Тоа е модерно решение за електронско-интернет обложување на спортски настани кое е конкурентно на глобално ниво“, вели Дарко Гацов, еден од основачите на Singular.

Сервисот не е достапен во земјава, но веќе е пласиран на грузискиот и казакстанскиот пазар. Можностите за обложување се големи, а овозможено е обложување и на натпревари во живо. Бројот на коефициенти за дел од натпреварите е 400, а речиси и да нема ограничување кога е во прашање изборот на спортот, па на корисниците им е овозможено обложување на било кој спорт. Што се однесува до изгледот сајтот не отстапува премногу од стандардите кога се во прашање онлајн обложувалниците. Но тоа не е негативно, напротив обложувалниците и казината имаат свои решенија, кои се креирани за да го насочат целосното внимание на корисникот кон обложувањата или игрите.

„Примарниот фокус на Singular е пласирање на своите услуги и производи на странскиот пазар, односно надвор од Република Македонија. Singular како game provider нема допирна точка со финалните корисници на решенијата кои ги нуди, бидејќи работи исклучиво со B2B бизнис модел“.

За да биде присутна на македонскиот пазар, Singular ќе зависи од одлуката на Лотарија на Македонија за чија платформа ќе се користи за онлајн обложување. Ригорозните македонски закони, донесени на почетокот годинава, им забрануваат пристап на корисниците на обложувалници кои не се државна лотарија, што во суштина ја отстранува сета конкуренција на пазарот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии