Стартапот Tesseract Interactive зборува за својата игра, потрагата по инвестиции и натпреварот на LAUCHub

Македонското независно студио за видео игри Tesseract Interactive е првиот македонски стартап кој е финалистит на натпреварот на бугарскиот инкубатор LAUCHub. На натпреварот младиот тим на програмери ќе ја презентира својата игра Excubitor пред инвеститорите, и доколку се претстават доволно добро, ќе можат да добијат и до 30.000 евра првична инвестиција за натамошен развој.

„Аплициравме на LaunchHub неколку дена пред нова година и бевме изненадени кога дознавме дека сме избрани во потесен круг од вкупно 200 апликанти. Не се надевавме дека воопшто ке стигнеме тука. Ова ке ни биде прв пат да бидеме присутни на ваков настан каде што можеме да ја презентираме нашата игра пред инвеститори и затоа сме возбудени.“

Тоа што е интересно во приказната е што дел од тимот на Tesseract Interactive, составен од седум млади програмери предводени од другарите од детство Иван Ивановски и Александар Јовановски, всушност работи во други компании, а играта ја развиваат од хоби во помал стан, бидејќи немаат доволно пари за да изнајмат канцеларии или да стартуваат своја компанија. Инвестицијата би им значела неверојатно многу, но пред нив имаат огромен предизвик да се покажат како најдобри меѓу 16-те финалисти.

„На излагањето на LaunchHub ќе го презентираме нашиот бизнис план за играта. Доколку успееме да собереме инвестиција таа ќе ни послужи за понатамошен развој на играта и нејзиното промовирање преку маркетинг кампањи на сајтови за видео игри. Моментално Excubitor е во алфа фаза, тоа значи дека главните гејмплеј елементи се имплементирани и играта може да се игра. Останува да се доправи содржината за играта (како нивоа, модели …) и планираме кога ке бидеме во бета фаза да ја продаваме за ниска цена. Луѓето што ке ја купат играта додека е во бета, ке ја добијат бесплатно кога ќе искочи целосната верзија.“

Нивната видео игра Excubitor моментално се развива само за десктоп компјутерите. Со дополнителни пари ќе може и да се развие и верзија за Xbox 360 конзолата и за мобилните уреди.

„Дистибуцијата на играта сакаме да биде преку Steam доколку бидеме прифатени од нивна страна. Steam е онлајн дистрибутер на игри со повеке од 40 милиони корисници. Доколку бидеме прифатени, таргетираме огромен број на популација кои би биле потенцијални купувачи на играта.“, вели Tesseract Interactive.

3 коментари на “Стартапот Tesseract Interactive зборува за својата игра, потрагата по инвестиции и натпреварот на LAUCHub

  1. Им предлагам на дечкиве играта да ја направат за iOS и Android, бидејќи е од таков тип што лесно може да се игра на мобилен, а и ќе имаат поголема популарност/помала конкуренција, одколку таа за компјутер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии