Македонскиот стартап Tesseract Interactive доби 30.000 евра инвестиција oд LAUNCHub

*Надополнето со изјава од Tesseract Interactive за како ќе оди понатамошниот развој и менторство на стартапот.

Tesseract Interactive, македонското независно студио стартувано од ентузијасти кои работеа на својата Excubitor игра во слободното време, успеа да импресионира на натпреварот на LAUNChub и да влезе меѓу шестте најдобри стартапи во кои акцелераторот ќе инвестира 30.000 евра за понатамошен развој на играта. Дечките се можеби првиот македонски стартап кој добива ваква огромна финансиска инвестиција од странска стартап програма. Тие се во финалето заедно со уште пет стартапи од Бугарија, Холандија, Белгија и два тима од Романија.

Бугарскиот стартап акцелератор LAUNCHub, кој работи со поддршка од ЕУ фондови, нема да им ги даде овие пари на стартапите само на „убави очи“, народски кажано, туку ќе инвестира во нивниот понатамошен развој. Во замена на парите акцелераторот добива и мал дел во компанијата. Во случајот на Tesseract Interactive, тие ќе добијат пари и менторство за да го равијат својот бизнис план заедно за својата „иновативна игра која комбинира различни гејминг стилови“. Зависно од резултатите, финалистите ќе влезат во квалификација за seed инвестиција од 200.000 евра.

„Следните чекори се регистрирање на нашата компанија во Бугарија во која LanuncHub има удел. Во март некои од членовите на тимот ќе заминат во Бугарија на 1-2 месеци. Таму во канцеларија одредена од LanuncHub ќе работиме интезивно на играта, под супервизија на менторите од LanuncHub кои ќе бидат таму да ни даваат помош и совети. Ова не значи дека ќе одредуваат како да ја развиваме играта, туку нивната помош би се состоела од остварување на контакти со луѓе релевантни во оваа индустрија.“, вели Александар Јовановски, еден од ко-основачите на студиото.

„Иако сакавме нашето студио да го формираме во Македонија, сепак тоа не е можно во почеток бидејќи така е наложено од LanuncHub. Во почетокот ние пробавме од неколу места да бараме инвестиции и во Македонија, но тоа беше залудно бидејќи Game-Development индустријата кај нас е скоро непостоечка, па не можевме да најдеме инвестиции или не знаевме каде да се обратиме.

После престојот во Бугарија од 2 месеци доколку покажеме добар прогрес и ги исполниме очекувањата што сме ги ветиле, можеме да привлечеме внимание за следна инвестиција, но овој пат поголема која може да дојде и од други инвеститори не само од LAUNCHub.“

LAUNCHub вели дека за својот стартап натпревар имале над 220 апликации од кои 16-те беа финалисти кои учестуваат на стартап викенд во Софија. Од нив, само шест се добитници на 30.000 евра инвестиција. Браво за Tesseract Interactive!

Oва е нивната игра Excubitor. Повеќе видеа и слики ќе најдете тука.

[youtube]X0nZpu4CnK8[/youtube]

3 коментари на “Македонскиот стартап Tesseract Interactive доби 30.000 евра инвестиција oд LAUNCHub

  1. Многу ми е мило што го читам тесктов! Баш е за гордеење што наш тим успева да се пробие и да добие подобра поддршка за да ја развива својата игра. Баш како што кажале, тука нема game developing индустрија. Сите ентузијасти си развиваат, креираат, промовираат самите.

    Браво! Rainbow Entertainment е со вас! Само напред!

  2. Bravo za mladite entuzijasti. Neka prodolzat taka. Da se nadevame deka taa oblast ke se razvie i vo nasata drzava i deka mladite ke bidat podrzuvani i finansirani za da gi razvivaat svoite talenti vo svojata tatkovina.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии