Македонскиот стартап Creation Pal ќе соработува со Intel?

Глигор Дачевски, основачот на стартапот Creation Pal кој е познат по популарната фитнес апликација SportyPal, најави дека „соработката со Intel е незвесна“ по нивното учество на Mobile World Congress во Барселона, каде компанијата учествуваше во EMMINVEST тренинг семинар за иновативни мобилни компании од Европа.

„Тие покажаа цврст интерес за имплементација на развојните алатки кои ги имаме развиено во рамки на нашата технологија и ако се совпаднат со тоа што Intel во моментот го работи дека најверојатно би ги вклучиле во тој пакет, но тоа допрва ќе се тестира.“, изјави г. Дачевски за магазинот Капитал.

Тој не откри конкретно за каков проект т.е. технологија е заинтересиран Intel. Освен што ја имаат креирано една од најпопуларните фитнес апликации SportyPal, симната над 7 милиони пати на различни платформи, дел од проектите на стартапот е и CompleteDock за паметни телефони и таблет компјутери кој собра над 25.000 преку KickStarter, а дел од проектите е и алтернативен Office пакет кој може да се користи на различни оперативни системи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии