Македонскиот стартап Claxi e добитник на Merit Award на WITSA

Мобилната апликација Claxi e добитник на „Merit Award“, на овогодинешните WITSA награди, кои се одржаа во Бразилија, Бразил. Наградата се доделува на рeшението кое се издвојува од останатите, а овoј пат го доби македонскатa апликација за избор на оптималната такси понуда.

Claxi најпрво беше избран како победник на МАСИТ ИКТ Наградите за 2016 година, по што, МАСИТ, како една од 82 членки на Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) го номинираше Claxi на Интернационалните ИКТ награди.

„Горди сме што добиваме уште едно признание оваа година. Прво како национални шампиони на Европските бизнис награди, а сега и како добитници на награда за решение кое се истакнува од останатите на Светскиот конгрес за ИТ. Ова е доказ за нас дека ние навистина се позициониравме како лидери и врвни иноватори во современиот општествен живот.“, вели Бранко Трајковски, основач на Claxi.

Claxi е дело на Bransys и е сервис кој на корисниците им овозможува да си одберат оптимална такси услуга. Апликацијата овозможува повик на таксисти според неколку критериуми најевтин превоз, такси кое најбрзо ќе пристигне или такси во кое имате најмногу доверба. При секој повик на такси возило апликацијата ќе понуди повеќе решенија, а конечниот избор е на корисникот.

Claxi поодамна може да се користи и во Македонија, а од стартапот работат на зголемување на бројот на такси возачи кои ја користат нивната платформа.

thumbnail_witsa_merit_award_winner_2016_claxi_app

1 коментар на “Македонскиот стартап Claxi e добитник на Merit Award на WITSA

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии