Македонскиот сервис When in X го освојува светот

Image courtesy of Webgliders / WebSummit Pitch

Македонскиот стартап Webgliders кој се обидува на туристите да им овозможи автентично искуство со When in X, го освојува светот. Претставници на стартапот неодамна имаа можност да се претстават на WebSummit, а потоа уште попријатно беа изненадени. When in X е еден од победниците на програмата Madeira Startup Retreat.

„Во ноември бевме на WebSummit, имавме свој штанд и не избраа во Топ 200 стартапи да презентираме на официјалната сцена“

Компанијaта зад When In X беше избрана за еден од 200 најдобри стартапи таму. Сепак она што е подобро е што таму дознаа за Madeira Startup Retreat. Станува збор за акцелераторска програма креирана специјално за стартапи фокусирани на туризам. На конкурсот учествуваа уште 61 стартап од 25 држави. Жирито ги разгледа сите стратапи и ја донесе својата одлука. Webgliders се едни од победниците кои одат понатами и ќе имаат можност за двoмесечна акцелерација.

Webgliders и други 9 стартапи сега ќе одат на 2 месечна акцелерација во Мадеира. Во текот на оваа програма ќе бидат дел од интензивни тренинзи, работилници и нетворкинг настани. Секоја од стартапите ќе добие локален водич кој ќе им овозможи подобро да го запознаат островот. Дополнително ќе им биде доделен и менаџер кој ќе се грижи за нивните потреби.

„Ова ќе овозможи развој на стартапот, на едно од најразвиените места во светот за туризам, Мадеира. Остров што живее 12 месеци годишно“, вели Антонио Кузмановски, од Webgliders.