Македонскиот Market Konekt се проширува во Албанија; потоа ќе понуди и достава

Oткако отвори своја е-продавница во Македонија, Србија и Бугарија, Market Konekt сега се проширува и во Албанија. Продавницата ќе им понуди на локалните и регионалните бизниси, околу 5.900, да тргуваат со 100.000 различни производи и преку различните границите.

Основачот на е-продавницата, R3 Infomedia, вели дека бизнисите ќе можат да ги претстават своите производи во другите земји, но и да комуницираат директно со заинтересираните купувачи. За купувачите пак, придобивката е што ќе имаат уште еден пазар од каде можат да разгледуваат производи. Според компанијата, интерес за соработка помеѓу албанските и македонските бизниси постоел и претходно, што ги мотивирал и да ја отворат продавницата.

Амбициите на Market Konekt е првин да го освои Балканот со онлајн присуство, а потоа, од следната година, ќе овозможи и систем за плаќање и достава на производи до купувачите, најави Владимир Вецовски.

[youtube]qOX6RfXfMNU[/youtube]