Македонскиот Market Konekt се проширува и во Бугарија

Македонските фирми кои тргуваат преку македонскиот онлајн маркет Market Konekt сега ќе може да се прошират и на пазарот во Бугарија. Продавачите и купувачите од двете земји ќе можат да споредуваат продукти и услуги и да ги одберат тие што се со најдобра вредност.

„Преку MarketKonekt брзо, едноставно и со мали вложувања компаниите ја промовираат понудата, а купувачите дознаваат што се нуди на пазарот. Со објавување на производи или услуги понудите на компаниите веднаш стануваат достапни до секој потенцијален купувач од Македонија и Бугарија – фирма или краен потрошувач.“, вели Владимир Вецовски од R3 Infomedia, компанијата зад онлајн продавницата.

Со бугарската верзија на Market Konekt, R3 Infomedia, кои го водат и регистарот Златна книга, стапи во соработка со Golden Pages Бугарија за да обезбедат „единствен онлајн производ повеќу двете земји“.

Според R3 Infomedia, околу 1,500 домашни компании промовираат над 26.000 различни производи и услуги на MarketKonekt.com. Само во првиот месец им се приклучија 500 фирми од Бугарија, а до почетокот на 2013 година нивниот број се очекува да достигне 1.000 нови фирми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии