Македонскиот интернет според Steam

Steam објави статистика за преземање на игри и интернет сообраќај за сите држави каде нивната услуга е достапна, што е речиси целиот свет. Според статистиката лидери се чини и очекувано се САД, Русија и Германија со симнати 16,7 петабајти, односно 7,4 PB и 5,2 PB. Според оваа статистика САД се одговорни за 21,2 отсто од целокупниот Steam сообраќај, Русија е на второ место со 9,4 отсто. Кога е во прашање просечната брзина на интернет сообраќај, најверојатно најголемо изненадување е Романија со 23,8 Mbs, која е единствено зад Холандија со 27,2 Mbps, а не треттото место е Шведска со 23,9 Mbps.

Податоци има и за Македонија, а македонските корисници имаат симнато 17,9 терабајти сообраќај со Steam и просечна брзина од 7,2 Mbps. Подолу може да ја видите просечната брзина со која македонските корисници пристапуваат кон Steam во зависност од интернет провајдерот.

  • MT-AS-OWN Makedonski Telekom,MK – 6,2 Mbps
  • BLIZOO Blizoo DOOEL Skopje,MK – 10,4 Mbps
  • AS41557 – 10,2 Mbps
  • ONNET-AS-OWN ONE Telecommunications Services DOOEL Skopje,MK – 4,1 Mbps
  • NEOTEL-AS-MK NEOTEL-MKD Autonomous System,MK – 8,9 Mbps
  • KDS-KABELNET KDS KabelNet BROADBAND Network,MK  – 9,4 Mbps
  • INEL-AS-MK Inel Internacional Dooel Kavadarci,MK  – 6,3 Mbps
  • TELESMART-AS Telesmart Telekom DOO,MK – 7,8 Mbps
  • BTV-AS-OWN Miksnet,MK  – 13,4 Mbps
  • MULTIMEDIA-NET-AS Multimedia-Net doo Skopje,MK – 10,9 Mbps

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии