Македонскиот документарец Reddakh е приказна за гејмер кој ќе го најде решението во онлајн игра

Владимир Митревски – Ѓуле не игра игри, не е гејмер, но е режисер на „Reddakh“, првиот документарен филм кој не води во светот на македонската гејминг заедница.

Неговиот филм ја раскажува вистинската приказна за Дуле a.k.a Reddakh, гејмер кој поради социјалните проблеми се впушта во активно играње на онлајн играта Conquer. Reddakh по цели денови ќе се губи во онлајн светот, ќе спие и ќе игра, ќе стане и ќе игра повторно, ќе биде и еден од најдобрите играчи, и ќе ја плати цена – ќе ги изгуби пријателите.  Но, во исто време тој својата зависност ќе ја претвори во излез од своите проблеми и на крај ќе си го врати животот назад.

„Темата за гејмерството излезе спонтано, според приказната раскажана од страна на главниот лик во филмот, Дуле. Инаку, приказната не e конкретно за гејмерство тука за една човечка судбина која во сплет на околности се поврзува со гејмерството.“, вели триесети и три годишниот Владимир, студент по филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

[youtube]xwzwk1ZeJwY[/youtube]

Во документарецот Дуле a.k.a Reddakh се разликува од другите гејмери поради својата неверојатна трагична приказна. Но, дали тоа „губење“ во играта може да биде оправдување и за многу други да заборават на проблемите во реалниот живот?

Па конкретно во овој филм, играњето на играта представува еден вид на излез од актуелната тешка ситуација на главниот лик, бидејќи тој успева да заработи пари играјќи. А верувам и дека има луѓе кои играат со цел да заборават на проблемите и да се оттргнат од реалниот социјален живот.

Тоа што го забележав е што гејмерите во документарецот велат дека започнале да ја играат Conquer само откако виделе дека други нивни пријатели ја играат. Дали таа виралност е клучна за гејмингот во Македонија? 

Јас не сум гејмер, но сепак мислам дека виралноста представува тригер за се повеќе луѓе да стануваат конзументи на одредена игра, во случајов CONQUER.

Како е прифатен документарецот од тие што не се гејмери? 

Филмот одлично помина кај не-гејмерската публика бидејќи, како што кажав претходно, ова не е 100% гејмерска приказна, туку прикажува една човечка судбина, која е помалку или повеќе секојдневна, така да, повеќето од гледачите се идентификуваат и сочуствуваат со неа.

Дaли имаш планови да го дистрибуираш филмот и на други фестивали надвор од Македонија?

Филмот веќе се прикажуваше на повеќе фестивали во Македонија, од кои, Skopje Film Festival, Asterfest i Makedox, испратен е на Македонски филмски фестивал во Нов Зеланд, и моментално сум во преговори филмот да биде прикажан на филмскиот фестивал во Херцег Нови.

[youtube]IWP4ftYZnpY[/youtube]

15 коментари на “Македонскиот документарец Reddakh е приказна за гејмер кој ќе го најде решението во онлајн игра

  1. Го имаат тргнато филмот (removed by user).
    Знае ли некој каде може да го гледаме филмов? Ептен ми се допадна и сакам пак да го видам, а нигде не можам да го најдам:(
    Фала!

  2. Едноставно останав без зборови… ја играв играва… знам како е… едноставно играва е ко дрога ако еднаш почнеш тешко е да престанеш… игравме заедно со брат ми… секогаш беше јас спијам тој игра после он спие јас играм… компјутерот не се гасеше со месеци… Не заработив толку многу како Дуле, ама имав некоја заработка околу 500-600 евра… Секоја чест Дуле што успеа да го искажеш сето ова… нема да ти биде лошо и да напишеш книга за ова… ќе има многу гејмери кои ќе сакаат да ја прочитаат…

    Поздрав од Phantom од серверот Turquoise.

  3. На видеата ми вика This video contains content from The Orchard Music and EMI, one or more of whom have blocked it in your country on copyright grounds.
    Sorry about that.

    WHAAAAT

  4. Epa neka mu e alal na choekot… posle tolku igranje napor i site tie raboti preku virtuelen svet da si reshish problemi so virtuelen kesh preflen na real kesh… Pochit mnogu Pochit

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии