Македонскиот BtoBet го прошири своето присуство на пазарот во Обединетото Кралство

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Македонскиот провајдер на софтвер за спортско обложување и еден од глобалните лидери во „iGaming” индустријата, BtoBet, со лансирање на својот прв бренд на платформата Aspire Global, го прошири своето присуство на пазарот во Обединетото Кралство.

По консолидирањето со групацијата Aspire Global, годинава, во рамки на партнерството, BtoBet го претстави BetTarget, првично наменет за ирскиот пазар. BetTarget е и првиот бренд во рамки на платфомата на Aspire Global кој ќе го користи лиценцираното софтверско решение за спортско обложување на BtoBet. Сертифицирањето на оваа платформа за електронско спортско обложување во Обединетото Кралство ѝ овозможи на компанијата брзо да го зголеми своето присуство на овој пазар; претходно оваа година BtoBet го објави и партнерството со „Small Screen Casinos”. Покрај експанзијата на европскиот пазар, BtoBet овозможува пристап групацијата успешно да се позиционира и на пазарите во развој, како што се Латинска Америка и Африка.

BtoBet креира технологија за обложување со фокус на играчите, обезбедувајќи алатки за понуда на обложување на различни платформи. Платформата Neutron 3 на клиентите им ги обезбедува сите алатки за управување и креирање на уникатно искуство за обложување за своите корисници.

Ова е уште еден чекор напред кон освојување на регулираните пазари ширум светот, со посебен акцент на европскиот пазар, смета оперативниот извршен директор на BtoBet, Дима Ридерман.

„Најсовремените карактеристики на производите од нашето портфолио ќе им овозможат на операторите да им понудат на своите играчи сосем ново искуство. Уверен сум дека нашата платформа ќе оствари долгорочен успех на пазарот“, додава г. Ридерман.

BtoBet е ИТ компанија со седиште во Скопје и еден од трите најдобри светски провајдери на софтвер за спортско обложување и онлајн казино. Во 2020 година, компанијата беше купена од Aspire Global, лидер во глобалната „iGaming” индустрија која котира на шведската берза. Зад BtoBet стои Игор Лештар. Компанијата во почетокот беше составен дел од ИТ-гигантот „Сивус“, а за само пет години се позиционира меѓу топ 10 провајдери на технологии за казино и спортско обложување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии