Македонскиот Ambio.me е финалист на WebFest, има шанса да оди на ТеchCrunch Disrupt

Меѓу финалистите на регионалнaта интернет конференција WebFest се најде и македонскиот стартап Ambio.me. Стартапот, кој е мобилен магазин кој зависи од локацијата, ќе се натпреварува со други 11 стартапи од регионот, има шест од Хрватска, два од Србија, по еден од Македонија, Италија и В. Британија, а победникот ќе добие шанса да се претстави на TechCrunch Disrupt. ТC Disrupt е еден од најголемите стартап настани во САД и светот, организиран од ИТ блогот TechCrunch, со гости како Џек Дорси од Twitter, Марк Закерберг од Facebook, познатиот инвеститор Бен Хоровиц и многу други познати имиња од Силиконската долина.

За Митко Цабевски, основачот на Ambio.me, со кого направивме интервју по настапот на SeedCamp во Њујорк, настапот на WebFest е одлична шанса да се научи нешто ново и да се напредува со стартапот.

„Очекувам да се забавуваме :). Да се дружиме, да научиме нешто ново, но и да добиеме искрен критицизам и фидбек. Ги погледнав останатите финалисти, има одлични проекти и конкуренцијата е јака, но ние веруваме во нашата визија и се надеваме на најдоброто.“

Пат на TechCrunch Disrupt значи натпреварување со најдобрите идеи, но првин мора да се помине регионалната конкуренција на WebFest, која како што спомена Митко е „одлична и јака“. Ова се 11-те финалисти од WebFest.

  • BackWay App е апликација која овозможува да ги снимите омилените локации и потоа ви покажува како да стигнете до нив.
  • MojaGaraza.rs е веб сајт за прашања и одговори за автомобили. Содржината доаѓа од други возачи и механичари.
  • SideKickrTV e друштвена телевизија преку која се открива содржина и информации за тоа што се гледа.
  • StereoMood  ви открива музика спрод тоа како се чувствувате.
  • MediaToolkit е сервис кој анализира содржина со најголем потенцијал да привлече внимание на друштвените мрежи.
  • AmbioMagazine е мобилен магазин кој наоѓа содржина според локацијата.
  • TabStep го олеснува програмирање на табовите на Facebook.
  • Shareagift овозможува на пријателите заедно да купат поклон.
  • Release14 нуди мрежни производи со слободен код
  • VetCloud е наменета за организација на рабоатат на ветеринарите.
  • iDerma е наменета за организирање на работата на салоните за убавина.

1 коментар на “Македонскиот Ambio.me е финалист на WebFest, има шанса да оди на ТеchCrunch Disrupt

  1. Еј скроз кул. Во текст што се појави на it.com.mk (http://it.com.mk/otade-pechatot-nekoi-idei-za-vesnitsite-duri-i-vo-makedonija/) пишував за некој ваков сервис (барем колку што можам да сфатам што е ambio), лани ова време: „На пример, кога ќе го отворите весникот од мобилниот уред, а сте на пат во Охрид, покрај текстот што ги читате да се појави дискретна реклама за локалниот ресторан (бидејќи мобилниот уред знае каде сте и знае колку е часот – дали е ручек време на пример). Замислете и дека дневно на sms добивате QR код (или слично) со кој во трафиката можете да земете печатено издание, бесплатно, ако баш сакате да го имате тој број засекогаш, на хартија.“

    Во секој случај, секоја чест за екипата од ambio. Kudos.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии