Македонските твитерџии донираа 9.000 денари за помош на тетка Светлана

За само еден ден, од петокот кон саботата, македонските твиретџии собраа 9000 денари преку донации за да и помогнат на старицата која од снегот собирала гранчиња за греење.

Како што раскажува Дарјан Раденовиќ, иницијаторот на овој хуман гест, тетка Светлана го откажала парното и немала средства за да си обезбеди греење, па единствена опција и останала да собира гранчиња од земја и да се надева дека ќе го преживее студот што следи. Преку хаштагот #топлина, веста многу брзо се прошири на Twitter, a понатака и на другите социјални мрежи и веднаш почнаа да се собираат донации.

„Големиот одзив на оваа мала акција придонесе покрај дрвата за греење да обезбедиме и прехрамбени продукти и скромна парична поддршка. Вкупно беа собрани околу 9000 денари, кои беа искористени за купување, сечење и транспорт на дрвата, како и за набавка на основни прехрамбени продукти, а остатокот од средствата беа дадени на семејството.”, пишува Дарјан на својот блог по завршувањето на акцијата.

Како и подвигот за правење Новогодишна елка од пластични шишиња со цел подигнување на еколошката свест, така и овој пат големиот одзив на луѓе беше пријатно изненадување за сите и служи како доказ за моќта на друштвените мрежи.

Големо браво до сите кои се ангажираа да успее овој хуман гест, безразлика дали преку донација или ширење на веста, бидејќи целта се постигна и тетка Светлана заедно со нејзиниот сопруг Стево ќе можат топло да ја пројдат зимата.

 

1 коментар на “Македонските твитерџии донираа 9.000 денари за помош на тетка Светлана

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии