Македонски Телеком ви нуди можност да го тестирате HTC Vive

Денеска, во просториите на Иновативниот центар на Телеком, новинари од неколку медиуми, по претходна покана од Македонски Телеком имаа можност да го тестираат уредот за виртуелна реалност на HTC, Vive.

HTC Vive нуди комплетна опрема за виртуелна реалност, која вклучува сет од две безжични контролни палки, собни сензори за движење и визир (кацига) со вградена камера и телефон. Опремата овозможува и т.н. хибридна реалност, која отвора нов свет на можности, при што корисниците можат да примаат и да одговараат на пропуштените телефонски повици, да читаат пораки, да праќаат брзи одговори и да го проверуваат својот календар директно преку ВР кацигата.

HTC Vive има две базни станици (собни сензори) кои можат да се постават на ѕид или горна полица и коишто го следат и мапираат движењето во просторот во 3Д. На тој начин се спречува излегувањето од зоната за движење во ВР поставена во домот. Наместо да се сопнеме од некој предмет, се појавуваат ѕидовите од сина мрежа кои укажуваат на просторните граници на зоната за движење.

htc-vive-set-0

HTC Vive доаѓа со кацига, два контролери и два сензори (© HTC)

Овој уред овозможува контрола на движењето на корисникот во просторот од 360 степени, истражување на предметите од сите нивни страни и  интеракција со околината.

Новинарите на настанот имаа можност да искусат неколку видеа преку WEVR платформата како и интегрирани ВР игри.

„Денес сме во можност за прв пат да го претставиме овој револуционерен систем на виртуелна реалност на македонската јавност, кој е дело на HTC и Valve со нашиот партнер – Македонски Телеком. Можностите за движење и контрола во просторот, претставени преки игрите и апликациите, нудат примена на уредот и во други сфери на животот, освен за виртуелната забава. Уште отсега можеме да ја предвидиме примената во медицината, туризмот, како и индустрискиот дизајн, со оглед на појавата на голем број нови и интересни апликации од Steam. Наскоро ќе бидеме во можност да се нурнеме во светот на далечните острови и  мориња, да се прошетаме низ човечкиот организам, да ја откриеме површината на планетите или пак да го составиме својот совршен автомобил“, изјави Николај Нанков, регионален менаџер од HTC.

Хардверот кој беше презентиран е втората верзија Vive Pre, која нуди неколку подобрувања од првичната верзија Vive, воглавно ергономски и корегирање на неколку првични грешки. Вреди да се спомене дека HTC има соработка со Steam VR, па така во соработка со Valve, уредот е комплетно оптимизиран и интегриран за Steam. Во однос на напојувањето, контролорите сега имаат интегрирани батерии од литиум полимер што можат да се полнат со микро-USB полнење коешто овозможува активност од 4 часа со само едно полнење.

За потполно уживање во ВР, потребна е и добра конфигурација (© HTC Vive)

За потполно уживање во ВР, потребна е и добра конфигурација (© HTC Vive)

Минималната препорачана конфигурација за користење на HTC Vive е:

  • GPU: NVIDIA® GeForce® GTX 970, AMD Radeon™ R9 290
  • CPU: Intel® Core™ i5-4590/AMD FX™ 8350
  • RAM: мин. 4 GB
  • Видео излез: HDMI 1.4, DisplayPort 1.2
  • USB порта: 1x USB 2.0
  • Оперативен сустен: Windows® 7 SP1, Windows® 8.1 или понов, Windows® 10

Интересно е тоа што Vive засега е ограничен само на PC платформи и не поддржува Mac.

Практичната и комерцијална примена на виртуелната реалност се уште се во процес на дефинирање, но во своето соопштение Македонски Телеком одвојува неколку досегашни случаи:

Водечкиот производител во автомобилската индустрија Audi создаде врвно малопродажно искуство при кое корисниците можат да ги истражуваат автомобилите од своите соништа со помош на виртуелната реалност, а Dassault Systèmes, попозната како компанија за 3D, ја користи виртуелната реалност за приказ на развојот на иновации и дизајн на производи од разни области во 3Д. Преку HTC Vive може да се истражуваат и виртуелно да се доживеат кујните на IKEA во реална големина.  BMW исто така веќе го воведе системот за виртуелна реалност во развојот на новите модели возила, како флексибилен, брз и ефикасен начин на тестирање и имплементирање на потребните измени.

Доколку имате желба и вие да го тестирате овој уред и да ја искусите виртуелната реалност од прва рака, Македонски Телеком ви нуди можност во нивниот Телеком Иновативен центар во Скопје да го тестирате хардверот. За да го направите тоа, треба го посетите сајтот на Телеком на овој линк и да закажете термин. Доколку сте малолетни, задолжително е присуство на родител.

За сега нема официјални информации од Телеком дали уредот ќе биде достапен за продажба преку нивните салони. Неговата цена доколку го порачате од сајтот на HTC Vive изнесува 899 евра, но испораката е ограничена на неколку земји (меѓу кои не е Македонија) и со неколку уреди месечно.

2 коментари на “Македонски Телеком ви нуди можност да го тестирате HTC Vive

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии