Македонски Телеком со барање до АЕК за зголемување на капацитетот за податочен сообраќај

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Агенцијата за електронски комуникации објави тендер за јавно наддавање за доделување на одобрение за користење на радиофреквенции во опсегот од 1965-1980/2155-2170 MНz.

„Предмет на јавниот тендер со јавно наддавање е доделување на едно одобрение за користење на радиофреквенции од радиофреквенцискиот опсег 1965-1980/2155-2170 MНz за обезбедување на јавни мобилни/фиксни комуникациски мрежи (MFCN), вклучувајќи и IMT системи на цела територија на Република Северна Македонија.“

Од АЕК не известија дека станува за зголемување на капацитетот на постоечките мрежи. Тендерот се отвора на барање на Македонски Телеком, кој до АЕК поднесе барање за закуп на нови фреквенции за подобрување на капацитетот, во податочниот сообраќај.

„Согласно законот Македонски Телеком поднесе барање до АЕК за радиофреквенции 2x15MHz во опсег од 2100 MHz со образложение дека е потребно зголемување на капацитетот особено во податочниот сообраќај. Имајќи предвид дека за сите досегашни технологии се исполнети сите услови што им биле наметнати на мрежните оператори се наметнува потребата од зголемување на капацитетот и имплементирање на CCS технологијата во LTE. АЕК постапи по барањето и отвори постапка за наведените фреквенции“, вели Игор Бојаџиев од АЕК.

На јавното наддавање секако можат да учествуваат и други заинтересирани страни.


Му се заблагодаруваме на читателот кој ја сподели со нас веста за објавата на јавниот тендер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии