Македонски Телеком незаконски нуди компјутери!?

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Комората за информатичко-комуникациски технологии и услуги (ИКТ Комора) при Сојузот на стопански комори на Македонија поднесе барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата кој се основа на член 30, став 1 од Законот за заштита на конкуренцијата. Целта на ова барање е да се поведе постапка против Македонски Телеком А.Д. заради злоупотреба на концесијата што телекомот ја има добиено за обезбедување на јавни услуги на говор преку мрежи со комутација на пакети.

Поконкретно, од комората велат дека МТ врши злоупотреба преку пакетот наречен "Макс АДСЛ 2 + персонален компјутер за резиденцијални корисници" заради фактот што на пазарот, освен понудата на услуги на широкопојасен интернет, нуди и тргува и со персонални и преносни компјутери и компјутерска опрема.

Во соопштението се вели:
"Во ова барање, аргументирано докажуваме дека „Македонски Телеком АД“ континуирано ги прекршува релеватните закони и спогодби, на тој начин што ја злоупотребува својата доминантна положба на пазарот и врши нелојална конкуренција во полето на продажба на компјутерска опрема. Дека не се работи само за формална изјава, зборува и фактот што, според проценките кои ги имаме на располагање, Телеком на пазарот на персонални компјутери учествува дури со 50% од прометот (25 – 30,000 комплети годишно). Што тоа значи за компаниите кои се бават со овој вид дејност, а особено оние помалите?", изјави
Ванчо Орданоски, претседател на Комората за Информатичко комуникациска технологија при ССК.

ИКТ Комората исто така објаснува и дека постојано до нив пристигнуваат поплаки од ИТ компаниите во Македонија кои се жалат на нефер конкуренција заради која им е намален прометот.

Комората за информатичко-комуникациски технологии и услуги е членка на Сојузот на стопански комори на Македонија кој е основан во 2004 година. Активностите на овој сојуз се поддржани од Владата на Велика Британија преку амбасадата во Скопје со Договор за проект за подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија, потпишан на 26.04.2007 година и е со важност од две години. ИКТ Комората е една од шесте стопански комори на овој сојуз: Индустриската комора, Трговската комора, Услужната комора, Агро-бизнис комората Туристичко-угостителската комора.

1 коментар на “Македонски Телеком незаконски нуди компјутери!?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии