IEEEXtreme е глобален натпревар во кој екипи составени од студенти – членови на студентските ограноци на IEEE, под менторство на постар член на IEEE, се натпреваруваат 24 часа во решавање повеќе алгоритамски проблеми.
Првата екипа составена од Јордан Паликрушев, Бојан Костадинов и Игор Кулев, заврши на високото четврто место и ја освоија наградата за најдобра екипа од Регион 8 на IEEE (во кој спаѓаат Европа, Блискиот Исток, Русија и Африка). Втората екипа составена од Мите Митрески, Бојана Поповска и Никола Судијовски, го освоија осумдесет и четвртото место. Екипите беа под менторство на д-р Андреа Кулаков и м-р Петре Ламески.
На овој натпревар кој се одржува по четврти пат, македонскиот студентски огранок на IEEE учествува по првпат годинава.
Честитки до двата тима за успехот!
Тоа што се зборуваше порано се потврди уште еднаш, во нашиот ген сепак има нешто што го докажува нашето постоење од памтивек.
За жал не е точно. Ако јас и ти отидеме на натпреварот твојот магичен „генот“ нема да ни помогне, ќе блееме како овци пред проблемите. Студентите си дојдоа до успех со работа и труд, сигурно се спремале многу за натпреварот заедно со менторите, како и сите други студенти кои учествувале на натпреварот.
Немој така! Александар Велики бил одличен програмер! Види ги и Хунзите, којзнае на колку натпревари победиле. :)
Шега на страна — добар програмер се станува со 99% „лепење задник“ за столче, и 1% талент. Она моето со „гените“ беше само победнички восклик!
Ако не е битен генот што ќе е друго, оти ние луѓето не се смешаме со мајмуните, што велиш можи ке станиме попаметни!!!!!?
инаку и јас сум програмер и сметам дека има голем потенцијал во луѓето во Македонија кои се занимаат со програмирање и не сум изненаден од ваквите достигнувања ние можиме уште многу повеќе.
Браво, честитки.
Bravooo !!!
честитки до студентите!
Честитки за младите колеги!
Екстра-добра вест.
Macedonians kick ass and take names!!!
Изгледа дека програмирањево ни е во генот. Тепаме на сите страни! Прво средношколците, па сега студентите.
(Ете, ми застана грутка во грло од гордост :) )
ПопоВска и СудијоВски :)
srry, taka bese vo soopstenieto :( no gi srediv sega tnx. Dokolku si ti Bojana od timot, cestitki!! :)
Фала на брзата корекција. И на честитките :)
Честитки до колегите!