Македонски пошти во пламен! Првите фотографии доаѓаат од Twitter

Од далеку се гледа црн дим, од блиску се гледа огромен пламен од неколку метри кој ја зафати зградата на Македонски пошта на плоштадот Македонија во Скопје. Првите слики беа споделени од Никола Спасов на Twitter. Се уште немаме информации за што станува збор, ниту дали има повредени, но има пожарникари на локацијата. Подолу сè уште фотографии oд @stamatovski, @Gorjangr, @_teddy и други твитерџии.

Се чини дека пожарот избувнал некаде околу 16:30 часот. Кога ние проверивме, околу 17 часот, се уште се гледаше пламен. Првично нема повредени, има две личности пренесени во болница поради вдишување на чадот, вели МВР, а вработените се евакуирани од зградата откако бил забележан пожарот. Собраќајот околу зградата е блокиран додека не се изгасат пламените.

<Надополнето 20:30>По еден час десетината пожарникарски возила конечно успеаја да го изгасат пожарот, според првичните информации кои ги јавуваат неколку македонски портали пожарот настанал од собата каде што биле поставени серверите. Пајак службата ги отстранила сите возила, а струјата од околните згради е исклучена. Имало и амбулантни коли, но според првичните информации нема повредени. Вработените навремено избегале од огнената стихија, благодарение на алармот и првите експлозии предизвикани од пожарот. Моментално сите подружници на Македонски пошти се соочуваат со пад на конекциите на компјутерските системи заради недостапноста на главните сервери.

14 коментари на “Македонски пошти во пламен! Првите фотографии доаѓаат од Twitter

      1. Зошто нема? Сакаш да пренесеме вест за суперкомпјутер кој никогаш нема да го допреш, или за локален настан кој знаеш дека се случил благодарение на паметните телефони, друштвените мрежи и можноста секој да стане граѓански новинар?

      2. Брат, џабе е. 100 пати е сугерирано за ова, да не речам веќе со години :) Боље помири се со фактот дека таков е порталот

      3. Постот има keyword density "Twitter" – 1.70%
        Twitter = Социјални мрежи = колку – толку дел од IT

        Сакале нејкеле, дечките мора да пишуваат за актуелни работи. Пошто во Мкд ретко кој да пребарува или да бара корисни работи…
        Ми се допаѓа тоа што барем целата статија е напишана од нивна гледна точка.
        Барем не е Copy-Paste. :|

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии