Македонски јазик сега е достапен на Google Maps

Image courtesy of Google

Google Maps само што стана многу покорисен за еден дел од Македонците. Македонскиот јазик се најде на најновата надградба на Google Maps. Отсега македонските корисници ќе можат да откриваат локации во својата близина на мајчин јазик. Google објави дека на Google Maps македоноскиот доаѓа заедно со уште 39 нови јазици за кои проценува дека ги говори население од 1.25 милијарди.

На македонискиот јазик на листата му се „приклучуваат“ јазиците од регионот и куп други светски јазици: африканските, амхарски, азербејџански, албански, босански, бурманаски, хрватски, чешки, дански, естонски, филипински, фински, грузиски, еврејски, исландски, казакстански, кмерски, киргистански, лао, латвиски, литвански, малезиски, монголски, норвешки, персиски, романски, српски, словачки, словенски, свахилиски, шведски, турски, украински, узбекистански, виетнамски и зулу.

Компанијата за прв пат ги претстави Google Maps пред 14 години. Толку години беа потребни сите овие јазици да се најдат на апликацијата. Истовремено, Google објави дека и овој сервис има над 1 милијарда корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии