Македонската Twitter апликација TweetsPie сега е достапна и за iPhone

Опишана од своите креатори како „најдоброто нешто што му се случило на македонскиот интернет“, апликацијата која ги наоѓа најдобрите твитови, TweetsPie, сега доби нова верзија за Android и своја прва верзија за iОS. ТweetsPie на Иван Димовски ги прегледува вашите твитови секој час, ги вади последните 600 твитови од луѓето кои ги следите и ги избира најдобрите, односно тие твитови што се најмногу ретвитувани. Преку апликацијата ќе може да ретвитувате или да ги трнете корисниците кои не сакате да ги следите. Нејзината цел е да ви го исчисти фидот од непотребните твитови за да се фокусирате на тоа што е популарно и актуелно на мрежата.

Android верзијата до сега е симната над 750 пати, и е пофалена од четириесет корисници кои ја оценија со рејтинг од 4,7. Околу 30 отсто од симнувањата се направени од корисници на постари Android уреди, односно на тие кои работат на Android 2.3. Повеќето корисници на апликацијата користат Android ЈellyBean 4.0.3+.

1 коментар на “Македонската Twitter апликација TweetsPie сега е достапна и за iPhone

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии