Македонската Rise to Nobility го надмина прагот од 100.000 долари на KickStarter

Веќе пишувавме за првата македонска игра на табла, Rise to Nobility, на компанијата Final Frontier Games, студио основано во 2014 година во Скопје кое го сочинуваат Ивана и Војкан Крстевски, Тони Тошевски и Маја Матовска.

Новоста во овој случај е тоа што Kickstarter кампањата кои тие ја пласираат со цел да соберат средства за реализација и продажба на играта го надмина прагот од 100.000 американски долари. Поточно, во моментот на објавување на овој текст кампањата има 105.439 американски долари од таргетирани $19.000. Со повеќе од 1.400 поддржувачи и преостанати 25 дена во кампањата, крајниот исход ќе биде доста интересен.

Доста интересен факт е тоа што најголем број од поддржувачите се одлучуваат да дадат сума од $59 долари со што добиваат Rise to Nobility DELUXE сет.

  • Поддржувачи со придонес од 1 – 5 долари: 112
  • Поддржувачи со придонес од 5 – 7 долари: 20
  • … со придонес од 7 – 49 долари: 25
  • … со придонес од 49 – 59 долари: 76
  • … со придонес од 59 – 129 долари: 1.033
  • … со придонес од 129+ долари: 157

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии