Македонската репрезентација освои две медали на Интернационалната Олимпијада по Информатика

Македонските средношколци Андреј Величковски и Андреј Шеќеров се враќаат со два медали од Светската информатичка олимпијада. Македонскиот тим на Олимпијадата беше во состав Мартин Динев, Андреј Величковски, Благојче Павлески и Андреј Шеќеров и поддржан од Бојан Костадинов, извршен директор на Клауд Солушнс, и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои два бронзени медали. Натпреварот се одржа минатиот викенд, од 4 до 11 август, во Баку, Азербејџан.

На Информатичката олимпијада оваа година учествуваа 327 натпреварувачи од 88 држави. По вкупниот број на освоени бодови на натпреварот, натпреварувачите од Македонија зад себе оставија повеќе од 50 други држави.


Средношколците од Македонија вообичаено поминуваат одлично на овие натпревари и често се враќаат со награди.

„Радосен сум од успехот на нашите ученици, кои се вистински амбасадори на нашата земја. Овој успех се должи на интензивна работа на повеќе волонтери вклучени во работата на Здружението, а можноста за учество на натпреварите ни ја дава поддршката од нашите поддржувачи, Агенцијата за млади и спорт, како и општествено одговорните компании Нетцетера, Грабит, Докстим, Сорсикс и Семос едукација. Се надевам дека во иднина свесноста за значењето на овие резултати ќе продолжи да се зголемува и во државните институции, приватните компании како и медиумите, со што би се зголемила поддршката за задржување и подобрување на нашите успеси, а преку нивна промоција ќе се поттикнат што поголем број на ученици да се заинтересираат за информатиката како идна професија“, вели претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, проф. д-р Миле Јованов.

Информатичката олимпијада 2020, 32-ра по ред се одржува во Сингапур.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии