Македонската Raining Blobs преработена и со нов трејлер ќе го освојува Xbox

Image Courtesy of Raining BLobs

Играта Raining Blobs на македонскиот девелопер Енди Мијолкоски по 6 месеци на Steam и над 20 надградби е комплетно преработена и со куп нова содржина.

Откако играта стана достапна на Steam на 15 јануари, 2016, Енди не престана да ја развива, и покрај тоа што продажбата на играта по иницијалните добри резултати почна да опаѓа, пред сè заради огромната конкуренција и пазарната политика која наведува дека само големите и среќните, како и они кои добиваат голем публицитет ќе имаат голема или пак нормална заработка. Ова го вели и самиот автор на играта, со кој по повод новите надгардби и трејлер, како и веста дека играта наскоро доаѓа за Xbox направивме краток муабет…

Продажбата почна добро, но набргу падна. Тоа не ме изненади бидејќи Steam Store го следат истите проблеми кои ги имаме на мобилните stores. Има премногу игри и само големите и среќните добиваат голем публицитет и голема/нормална заработка. Но бидејќи никогаш заработката не ми беше движечка сила во развој на играта продолжив и понатаму да ја полирам и да додавам нови работи кои после 6 месеци ја направија играта многу подобра на сите полиња иако и при иницијалниот release имаше доволно за играње и немаше проблеми. Играта толку многу е сменета што можев моменталната верзија да ја пуштам како Raining Blobs 2. :), ни напиша во маилот Енди, одговарајќи на нашето прашање за прогресот на играта последниве неколку месеци.

Играта која на Steam доби доста позитивни критики е одобрена и на Xbox One и верзијата за оваа конзола е веќе 100% функционална, како што може да се види и на следново видео…

Наскоро играта би била достапна и на Xbox Store, а Енди веќе работи на интегрирање на Xbox Live Achievements и Leaderboards во самата игра.

За Xbox потребно е само да аплицирате на ID@Xbox и тие ви кажуваат дали играта ја сакаат на Xbox или не. Играта ја одобрија, потпишав договор и ми пратија dev kit. Најверојатно не би требало да зборувам премногу за овој дел. :) Со појавувањето на Xbox и други уреди се надевам дека ќе се прочуе повеќе за играта и дека заработката ќе се искачи над 0, моментално уште сум во минус кога ќе земете во предвид колку сум платил за музиката и за pixel art-от.

По Xbox, планот е играта да продолжи и со портирањето на други конзоли/уреди, но Енди вели „чекор по чекор, бидејќи сам работам на играта. Сам го работам програмирањето, pixel art-от и музиката ја правеа други по нарачка, може да ги видите најдоле на официјалниот сајт.“

Енди планира и да организира и турнири и можеби инди дев настан во Public Room, каде што повеќе луѓе би можеле да ја играат играта и на кој тој ќе може да го сподели своето искуство како инди дивелопер кое сигурно ќе им помогне на сите оние кои би сакале сами да развијат свои игри.

Raining Blobs на Steam
Официјален веб сајт

1 коментар на “Македонската Raining Blobs преработена и со нов трејлер ќе го освојува Xbox

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии